(ВИДЕО) Мишко Иванов: Уживање беше разговорот со личност како Дравиќ

Добивај вести на Viber

Познатиот новинар Мишко Иванов по смртта на легендарната актерка Милена Дравиќ се присетува на нивното последно интервју за емисијата „Патот до успехот“.

- Се сеќавам беше пролет, април во Белград, кога заедно со уште една легенда на југословенското глумиште Воја Брајовиќ (популарниот Тихи), ја побаравме за да ја поканиме да гостува во Патот до успехот. Се согласи на интервју, иако поради болестите кои ја измачуваа Милена Дравиќ бегаше од камерите. Кога го договаравме интервјуто, прво ме праша колку време трае снимањето, откако и реков 3-4 часа, се замисли - ме праша Мишко, не знам дали ќе можам да издржам толку. Ова време, ова расцутување на липите ми го отежнуваат дишењето. Уште повеќе што по смртта на Гага, одбегнував интервјуа. Се договоривме, пред почетокот на летото да го направиме интервјуто. Дојдетете во Чубура, култна белградска кафеана, не покани Дравиќ. Уживање беше разговорот со личност како Дравиќ, неверојатно. По снимањето, не покани мене, Александар (Карфа) и Сашко малку да одмориме, пред да тргнеме накај Скопје. Персоналот во кафеаната, не замоли да седнеме и почнаа да изнесуваат специјалитети. Ова е поздрав до вас и Милена, од сопственичката на локалот. Чест и е што сте нејзини гости..По официјалниот дел, по снимањето, останавме уште 2-3 часа, на муабетот му немаше крај..Бидејќи 6-та сезона веќе заврши, се договоривме емисијата Патот до успехот да ја емитуваме на стартот на 7-та сезона. Утрово ме трогна веста за смртта на дивата, легендата на југословенското глумиште Милена Дравиќ, само ден пред големото интервју во Патот до успехот. Првата помисла ми беше-не е можно, а во моментот одеше форшпанот за емисијата. Со солзливи очи и грутка во градиве го пишувам овој пост, но бидејќи великаните никогаш не умираат и ќе живеат додека живеат нивните дела, утре и јас со задоволство ќе го изгледам интервјуто со Милена, присетувајќи се на нејзината ведрина, благодет, смиреност,топлина и величина и покрај болестите кои ја тиштеа. Почивај во мир великанке Милена Дравиќ- напиша новинарот на својот Фејсбук профил и објави фотографии од средбата со неверојатната актерка.



Големата српска актерка Милена Дравиќ почина минатата ноќ на 78 години, а во нејзината богата кариера има одиграно преку 160 филмски и телевизиски улоги, од кои една е со холивудскиот актер Бред Пит.