Моден фокус // Трендови
(ВИДЕО) Направете велигденски зајко-јајца: Декорација која сите ќе ги освои
Децата најмногу се радуваат на шарените велигденски јајца, па поради тоа убаво е да им посветите доста внимание како би испаднале убави. Ви подготвивме декорација на која ќе се израдува секое дете, но и возрасните.
Направете зајко-јајца кои ги воодушевија сите и за кои масовно се зборува на социјалните мрежи.
За оваа декорација ви требаат пластични јајца и акрилни бои или темперни.
Изберете ги омилените бои и почнете да украсувате. Прво целото јајце обојте го во една боја, на пример во темнорозева, потоа средината во посветла боја, па нацртајте нос и очи како на видеото. Оставете ги јајцата да се исушат а за тоа време направете уши и капа.
Потребен ви е пиштол за лепење, бели патрони и калап, а повеќе за постапката погледнете во видеото: