(Видео) Во автентичен стил на Камилоски, излезе неговата нова песна и спот! MIA BELLA!

Камилоски со неговата четврта, но не и последна! 

Mia Bella е новата авторска песна на македонскиот изведувач и уметник чиишто видео спотови се препознатливи по неговиот боемски шарм и емотивна инспирација! 

Истата музичката екипа која за Павле го создаде хит синглот “Универзумот си работи за нас”, ја креираше и Mia Bella. Музиката, и аранжманот ги напиша Александар Тарабунов, додека текстот го напиша Ксенија Николова, а режијата на шармантната видеоприказна ја носи Александар Ристовски- Принц. Пост продукцијата ја изработува студиото на Тарабунов, а непосредноста во гласот на Павле го истакнува неговиот придружен вокал Сара Пројковска. 

Спотовите на Павле се одликуваат со романтична црта и доминантна префинетост, а тоа во неговата “Mia Bella” пејачот го доловува со убавицата Симона Петреска. 

Инаку, Камилоски минатата година ја објави неговата трета авторска песна “Универзумот си работи за нас”, која долго време беше хит на нашите радио станици.

ВИДЕО: