Викенд хороскоп: Близнаците ги очекува награда за трудот, до Водолијата ќе пристигнат негативни коментари

Како ќе ви бидат наклонети ѕвездите во текот на викендот?

Овен

Во текот на викендот имате можност да ги завршите проектите кои сте ги започнале и свежи да ја започнете новата недела. Имајте трпение, трудот ќе се исплати.

Бик

Ве очекува разговор кој би можел да биде непријатен. Но, одвојте време за размислување и на фин начин решете ги несогласувањата.

Близнаци

Наградата за трудот кој сте го вложувале во текот на целата недела би можел да пристигне токму овој викенд. Посветете време на себе и уживајте во она што сте го постигнале.

Рак

Ќе бидете добри на зборови, а расположението ќе ви биде на високо ниво. Опкружете се со позитивни луѓе и уживајте во деновите кога не сте на работа.


Следна страна