ВИКЕНД ХОРОСКОП: Бурни два дена за неколку знаци
Овен
Обидете се да не реагирате на прва топка. Можно е да се најдете во провокативна ситуација. Добро размислете, не брзајте со одговорите. Обидете се да сфатите од кого доаѓа таа негативна енергија. Блиска личност е до вас, послушајте ги нејзините добро намерни совети. Можеби таа понекогаш подобро ги гледа работите од вас.
Бик
Овој викенд хороскопот ве советува да се потрудите и да ги завршите сите започнати планови и обврски. Моментално не е момент за нови, големи потези. Состојбата во семејството е стабилна. Близок пријател очекува совет, помош и поддршка од вас.
Близнаци
Ситуацијата моментално е таква што не е најдобар момент да започнувате спроведување на своите планови. Умереното и мирно темпо сега ќе ви годи. Многу приказни ќе ви ја црпат енергијата. Стрпете се, почекајте подобри денови. Посветете се на себе и работите кои ве исполнуваат.
Рак
Ова е период кога треба да се преиспитате. Бидете отворени и искрени. Мора да се соочите со своите грешки и пропусти. Единствено така ќе најдете вистинско решение и одговор на сите прашања. Помошта од околината не ви е потребна. Доволно е да се потпрете на својата интуиција, која скоро па е непогрешива.