ВИКЕНД ХОРОСКОП: Еден знак да биде подготвен за повик од минатото
Овен
Најдобро решение за уште подобар викенд, би ви било проблемите да ги оставите на страна и максимално да се релаксирате. Игнорирајте ги сите оние кои ви одат на нерви и бидете насмеани во текот на целиот викенд.
Бик
Не очајувајте доколку ви се случи мала караница со најблиските. Со добар и мирен разговор може сѐ да се реши. За оние кои не се во врска, во сабота навечер, бидете подготвени за еден повик од некоја личност која ви се допаѓа.
Близнаци
Вашето расположение ќе биде на ниво овие два дена. Останете така позитивни во текот на целиот викенд и посветете еден ден само за најблиските. Потрудете се да останете во добри односи со пријателите.
Рак
Ова е идеален викенд за креативни подвизи. Искористете го вашето слободно време за да уживате со самите себе. Кон крајот на викендот, ве очекува излив на емоции, па немојте да донесувате важни одлуки за после да не се каете.
Лав
Ве очекува викенд полн со изненадувања на љубовен план. Доколку сте сингл, имате можност да запознаете некоја нова, интересна личност. Доколку пак, сте во врска, веројатно вашиот однос ќе достигне некое повисоко ниво. Што се однесува на пријателските односи, водете сметка колку се вашите пријатели искрени кон вас.
Девица
Вашиот шарм и вашата ведрина овој викенд ќе бидат на врвот. Ќе бидете многу атрактивни и немојте да се изненасите доколку и непознати ви подаруваат внимание. Романтични филмови се вистинскиот избор за недела навечер.