ВИКЕНД ХОРОСКОП: Еден знак да биде подготвен за повик од минатото
Вага
Доколку за нешто долго време се трудите да го добиете, викендов време е да се опуштите од тоа, бидејќи конечно дојде време вашите желби да се остварат. Поради тоа, прославете излезете и прошетајте некаде.
Шкорпија
Дефинитивно ова се деновите кои ќе сакате да ги преспиете. Бројните напнати ситуации само дополнително ќе ви го уништат викендот, а ни вашите блиски нема да се потрудат да ве расположат. Легнете си порано, утре е нов ден.
Стрелец
Наместо да бидете слабаци, ризикувајте па и доколку не го добиете тоа што го посакувате, не е крајот на светот. Имајте малку повеќе храброст. Учете на грешките од минатото, но не само на своите туку и на туѓите.
Јарец
Во недела, очекувајте повик од некој пријател кој ќе има потреба од вас. Искористете го талентот на добар советувач и кажете му некој совет со кој ќе може да го реши проблемот. Потрудете се да имате поквалитетен сон.
Водолија
Зарем има нешто подобро од релаксирачкото кафе со пријателите? Не мислете се многу, закажете средба и забавувајте се во нивното присуство. Можна е мала караница, но со добар разговор сѐ може да се реши.
Риби
Овој викенд е одличен ден за некоја промена во вашиот дом. Искористете ја вашата креативност и бојадисајте ги ѕидовите во некоја светла боја или пак направете преместување на мебелот.