ВИКЕНД ХОРОСКОП: Еден знак треба да си ги преиспита можностите

Добивај вести на Viber

Овен

За време на викендот ве советуваме добро да ги процените своите можности и услови кои ви стојат на располагање. Во љубовниот дијалог, мудро му ја препуштате доминацијата на партнерот или впечаток дека го има „главниот збор“.

Бик

Поради вас е тешка недела, но имајте предвид дека долгорочниот успех подразбира правилна проценка на вредностите и почитување на заедничките одлуки. Во љубовниот живот, премногу инсистирате на убедливи докази и често барате строго или разумно објаснување на нечии однесување.

Близнаци

Кога се наоѓате во проблематична ситуација препуштете им на другите да ја покренат иницијативата. Доколку чувствувате емотивна несигурност, доволно е да го привлечете вниманието на саканите личности на начин кој одоговора на заедничките вкусови и афинитети. Секој има своја „слаба точка“, размислете на кој начин треба да го анимирате партнерот.

Рак

Делувате како личност која нема време за некои случајни средби или за настани кои се вклопуваат во вашата сфера на интереси. Меѓутоа, со своето енергично однесување кај блиските пријатели ќе поттикнете различни реакции. Во љубовниот живот имате лошо претчувство, реагирате внимателно во ситуации кои може да ве компромитираат.

Лав

Потребно е да воспоставите подобра селекција при изборот на цели или да ги промените вообичаените критериуми. Во љубовниот живот, важно е да ги зачувате вистинските вредности и искрено да му удоволите на партнерот. Потрудете се да бидете доволно разумни и умрени кога се решаваат заедничките проблеми.

Девица

Преголемиот број на обврски и благата психичка тензија делува исцрпувачки на вашата здравствена состојба. Во односот со саканата личност постои некоја „тајна врска“ или емотивна врска, разменувате искрени чувства и прекрасно се надополнувате во секој поглед. Емотивната блискост делува инспиративно и лековито во секој поглед.

Вага

Неповолната клима нема да трае долго, важно е добро да се подготвите на следната фаза. Нема потреба да се однесувате премногу комплексно или наметливо кон саканата личност. Простете му на партнерот за различните пропусти кои ги прави, немојте да ги „гаснете“ љубовните искри.

Шкорпија

Доколку сакате да ја убедите околината дека поседувате практично знаење и интелектуална способност, бидете доволно истрајни во своите цели. Во приватниот живот делувате сомнително и му пронаоѓате различни замерки на партнерот. Сепак, вашата интелигенција не е семоќна во решавањето на основните љубовни дилеми.

Стрелец

Посветувате многу внимание на решавање на некои актуелни проблеми и финансиски пресметки. Во односот со саканата личност провејува доза на взаемна несигурност и недоразбирање. Ситуациите кои по ваше мислење изгледаат комплицирано, вашиот партнер ги гледа со други очи и има различно гледање или оптимистички прогнози.

Јарец

Потрудете се да бидете ангазирани на различни страни. Важно ви е на семејството и саканата личност да им подарите повеќе радост. Понекогаш е тешко да ги вклопите различните интереси и афинитети, но во име на заедничката среќа се е можно. Препуштете се на своите чувства и емотивна инспирација.

Водолија

Важно е да реагирате во вистински момент. Не бидете имплусивни, трпеливо чекајте на површина да испливаат вистинските вредности. Во односот со саканата личност, упорно ја влошувате ситуацијата која одговара на вашето основно расположение или афинитети. Не можете да добиете се што очекувате, направете нов емотивен баланс за да ги надминете заедничките сомнежи и дилеми.

Риби

Потрудете се правилно да ги исполните своите обврски, без психолошки притисок и натпреварувачки аспирации. Порано или подоцна, завршните резултати претставуваат основно мерило на вредностите. Најубавиот настан ве очекува во љубовниот живот или на средба со една драга личност. Секогаш кога ќе се измешаат вашите страсти и чувства, нека ви биде позитивен „сигнал“ кој води кон љубовна романса.