Викенд хороскоп: Кој ќе ужива во љубовта, кој ќе „заглави“ во авантура

Добивај вести на Viber

Овен 

Имате можност својата кариера да ја пренасочите кон она што сакате да го работите. Но ѕвездите сè уште се наклонети кон вашето поле на парите, па сè уште имате константни трошоци, парите бргу ви одат. Но ова влијание е добро поставено, така да очекувајте и истовремен прилив на пари. Влегувате во неверојатно поволен период за љубов, ви се враќаат сликите на некогаш прекрасно поминатите доживувања. Токму тоа чувство ви ја враќа силата, подобро да се организирате самите и да ја пронајдете среќата. Ќе имате можност да ги исправите старите грешки. 

Бик 

Саканата личност оваа недела би можела да ви овозможи остварување на сонот. Добивањето на убав подарок или пак истата личност ќе ви овозможи надминување на финансиски проблеми, доколку имате такви. Добивањето на вработување, значително би ви ја подобрило финансиската состојба. Доколку сте раздвоени со саканата личност, на почетокот од неделата би можело да се чувствувате непријатно, имате чувство дека ова е крајот. 

 Близнаци 

Комплетно сте насочени кон пронаоѓање на што повеќе начини на заработка. Ќе доживеете враќање на нешто кое во еден период многу ви значело. Но, ќе треба добро да размислите, затоа што многу околности се имаат променето и можеби ќе направите погрешен избор. Како ќе размислувате за љубовта, партнерот, такви ќе ви бидат и случките. Значи, сè зависи од вас самите и пораката е да бидете сигурни во себе и да знаете што сакате, па да се насочите себеси кон емотивно исполнување, без разлика дали сте во брак или постојана врска. 

 Рак 

Присутни се некои потешкотии кои сепак ве раздвижуваат и ви носат голема упорност и решителност. Добро испланираните акции ви ги отвораат вратите на успехот, само не повторувајте ги старите грешки. Дури и она што ви се нуди, а истото и сте го посакувале во некои минати времиња, во овој период не е пожелно за вас. Потребно е многу труд и повеќе работа, доколку сакате да си ги подобрите односите со партнерот и да дојде до одредено помирување. 

Лав 

Во себе имате доволно позитивна енергија која ќе ви помогне во сите работни ситуации. Неделава, како и наредната, се најавуваат убави деловни промени, а слично е и на финансиско поле, каде што ве заштитува Венера. Ви се овозможува добра финансиска промена, ако сте спремни да учествувате во сите активности кои ви наидуваат. Доколку не сте во врска, за време на викендот ве очекуваат многу изненадувања. 

Девица 

На добар пат сте некои несогласувања да ги надминете. Бидете сигурни дека доколку има дојдено до некои компликации, не е сè онака како што ви изгледа. Се наоѓате под влијание кое носи пад на концентрацијата, па не реагирате секогаш најдобро. Ако веќе подолг период сте осамени, не прифаќајте додворување од партнер кој кај вас не предизвикува нежни чувства, туку напротив е полн со конзервативни ставови и е строг. Подобро е и понатаму да бидете сами, отколку да си го загорчувате животот со очајнички потези.


Следна страна