ВИКЕНД ХОРОСКОП: Крајот на неделата носи судбински предизвик за 4 хороскопски знаци

Добивај вести на Viber

Овен

Работа. Развојот на ситуцијата во работата, во голема мера зависи од вашата упорност, а можно е вас да ве импресионира спремноста на соработник кој ќе ви излезе во пресрет. Ова вас ќе ве прави способни да се снајдете во ситуација која не е ни приближно така лесна за решавање како што на вас ви се чини. Морате да вложите дополнителен напор за да успеете во она што го сакате. Можна е нова работа или нов самостоен проект.

Љубов. Друштвените активности ќе бидат присутни овој период, ќе бидете спремни да се среќавате со оние кои ви се одсекогаш интересни и со оние кој најубаво си поминувате. Ако имате постојан партнер, ќе пробате да го убедите на нешто што на вас ви е многу битно. Ќе добиете прилика да се сретнете со некој кој што се занимава со уметност или спорт, а на вас веќе долго време ви се допаѓа.

Здравје. Добро ќе се чувствувате.

БИК 

Работа. Ситуацијата ви излегува од контрола, особено ако сте родени во почетокот на знакот и не сте во состојаба да се поставите како што треба. Родените при крајот на знакот 

се во некое искушение, во врска со прифаќање на нова понуда. Пред вас се можности за подобрување ама потребно е да бидете малку своеглави и да не се држите до рутинската работа. На некој му е многу важно да се сретне со вас за да разговара за заедничка работа.

Љубов.  Може да се случи понуда за тајна врска. На некој многу му се допаѓате и свесни сте каков впечаток оставате. Некогашната симпатија ќе сака да ви се обноват односите. Можна е романса со некој кој е присутен во јавност или често патува во странство. За оние во брак веќе е време да си ги решите несогласувањата.

Здравје. Можни се проблеми со грлото.

БЛИЗНАЦИ 

Работа. За вас ова може да биде напорна недела, а за многу може да биде и многу успешна. Посебно за они кои се родени во почетокот на знакот и оние кои се спремни да ризикуваат, но сепак имаат некаков резервен план ако во случај нешто тргне наопаку. Младите родени во овој знак се склони кон голем напор и физичко исцрпување ама можат да сметаат на голема подршка од некој претпоставен или член од семјството кој ќе ви се најде при рака во врска со решавање на важен проблем.

Љубов. Многу се интересираат за вас, а вие се обидувате да ги мнинимализирате сопствените емоции, бидејќи се плашите, да не во случај не можете лесно да го решите проблемот со партнерот. Ако сте долго време во врска, не сте сигурни дали е време да планирате заедничка иднина. Некоја Водолија успева да ве шармира. Слободните припадници може да влезат во тајна врска со некоја Девица.

Здравје. Добро се чувствувате.

РАК 

Работа. Месечината во текот на неделата ќе се движи низ вашиот знак, тоа на вас делува охрабрувачки. Спремни сте да направите значаен чекор во работата. Лесно може да ви се даде пријателски совет, но не сте секогаш спремни да послушате освен еден Бик. Лавот исто така има голем впечаток на вас и се обидува да ви наметне некој свој став. Можно е да се подобри протокот на пари особено ако работите во некоја странска фирма.

Љубов. Време е да донесете важна одлука кога е во прашање вашиот приватен живот, особено ако сте во долга врска или брак, а нешто не е како што треба. Доколку го избегнувате отворениот разговор или тоа го прави вашиот партнер, ќе морате да расчитите со својата дилема и да се поставите многу позрело него до сега. Вие се наоѓате во пресвртна точка. Ако сте слободни, не се впуштајте лесно во врска со огнени знакови.

Здравје. Можна е повреда.

ЛАВ

Работа. Спремни сте вредно да работите, можно е да се договорите со некој во врска со работа која може да ви се исплати, особено ако се работи за некој проект кој многу ве интересира. Потребно е да се сретнете со Водолија, Стрелец или Лав и да ги сослушате нивните предлози. Ако барате работа, можете да ја најдете преку Вага или Овен. Бивш колега или колешка од повисок ранг  може да ви нуди обнова на соработката.

Љубов. Ако сте родени на почетокот на знакот, може да бидете малку своеглави, особено ако сте во врска со авторитетен партнер. Ќе се обидете да го “купите” партнерот со некаков поклон ама партнерот нема лесно да прејде преку она што кај вас му смета.

Здравје. Ќе бидете нервозни.

ДЕВИЦА 

Работа. Ќе се обидете да го фатите темпото со некој кој вас ве претркал во нешто, ама вие со вашата безгрижности и вашата сколоност кон двоумење може да пропуштите добра прилика. Транзициите на месечината ви носат нови можности за приход и подобрување на статусот. Ако не ја сакате работата која ја работите ова е вистинско време да размислите за промена. Играјте игри на среќа, можни се повеќе добивки.

Љубов. Фантазирате за страствен партнер или мислите на некој кој немате прилика да го гледате често. Некој кој е често на пат, се занимава со работа која бара да се присуствува во јавност и нема многу време за вас. Можна е понуда за да одете на заедничко патување. Малку дискреција не било лошо, особено ако сте женаво вој знак, многу го коментираат вашиот приватен живот.

Здравје.Внимавајте на изгореници.


Следна страна