Викенд хороскоп: Лавовите да имаат повеќе трпение во љубовните односи, Водолиите ги очекува идиличен период

Добивај вести на Viber

Лав

Доколку имате потреба да донесете некоја важна одлука кога е вашиот емотивен живот во прашање, најдобро би било со тоа трпело да чекате и да ги оставите работите какви што се. Ѕвездите не ви се доволно наклонети, поради што е можно вашите планови да тргнат по „лош“ пат или да не се оствари она што го сакате. Малку трпение и повеќе разбирање и размислување ќе ви покаже кога е најдобриот момент за нивно спроведување.

Девица

Овие денови ќе мешате два приватни стила: едниот е разновиден, атрактивен, со многу луѓе, а другиот е тивок, повлечен, обичен, секојдневен. Понекогаш ќе бидете главна мета на додворувачите, а веќе другиот ден обична личност која ја забележуваат само пријателите. Ќе бидете добро.

Вага

Ќе ви биде тешко да ѝ пријдете на личноста која веќе долго време ве привлекува, бидејќи нема да бидете сигурни како да се поставите и дали вашиот настап ќе биде успешен. Кога конечно ќе се одлучите да го направите тоа, ќе сфатите дека таа личност е заинтересирана за некој друг или неодамна излегла од врска. Потоа ќе се најдете на мета на личноста која е заљубена во вас и која ќе ве прогонува и ќе се обидува да ве увери дека е идеален партнер за вас. 

Шкорпија

Делувате напнато во љубовниот однос, не ви се допаѓа психолошкиот притисок кој го чувствувате и ве иритира однесувањето на партнерот. Поради емотивната несигурност ќе имате потреба да го проверувате својот партнер. Проверете ги своите емотивни сомнежи на време и преземете иницијатива. Доколку сте слободни, некој ќе ве шармира со атрактивната појава или необичен стил на додворување.


Претходна страна  Следна страна