ВИКЕНД ХОРОСКОП: Љубов за еден знак, за друг кавга во врската

Добивај вести на Viber

Овен

Обврските само ќе ве се трупаат и ќе имате впечаток дека нема да успеете да ги завршите, но со помош ќе успеете да завршите навреме. Затоа, не ни помислувајте да се преоптоварувате овој викенд.

Бик

Насочете го своето внимание на некои пријатни настани и не се оптеретувајте со негативни работи на кои не можете да влијаете.

Близнаци

Му замерувате на партнерот и му префрлате без причина, не оптоварувајте се со толку мали работи, не може се да биде како што вие замислувате.

Рак

Имате нереални очекувања кога е љубовта во прашање. Никој не може да ги исполни вашите високи критериуми и вие се тешите дека ви е подобро без никој, но не ви е, нели?

Лав

Ќе ја сретнете старата љубов и тоа многу ќе ве усреќи, но морате да сфатите дека луѓето се менуваат и дека ќе имате впечаток дека запознавате потполно поинаква личност. Сепак, тоа не значи дека не е време за дружење, а кој би знаел - можеби и за нова љубов.

Девица

Вашиот партнер точно знае што сака да оствари, додека вие се премислувате. Немојте тоа да влијае на вашата врска, пробувате да избалансирате помеѓу овие две крајности.

Вага

Можни се изненадувања во различни правци. Но доколку не пробате, нема ни да знаете дали е добро или не. Премногу сте негативни, пробајте да се расположите.

Шкорпија

Доживеавте големо разочарување, но одбивате да се соочите со тоа. Дајте си време да застанете на нозе, нема потреба да форсирате нешто што нема иднина.

Стрелец

Умеете да освоите нечии симпатии и немојте да дозволите да ви недостасува имагинација или инспирација тогаш кога е најпотребна.

Јарец

Ќе сретнете поранешна љубов и ќе ви се пружи можност да продолжите таму каде што сте застанале и тоа ќе исполни. Романсата повторно тропа на вашата врата.

Водолија

Некој ви упатува љубовни пораки и директно ви дава до знаење што мисли или чувствува, но вие сте неодлучни кога ќе треба да дадете одговор.

Риби

Љубоморни сте и мислите дека партнерот нешто крие од вас. Не носете нагли одлуки и решете го проблемот со разговор, внимавајте на кавгите. Нема да се одразат добро на вашата врска.