ВИКЕНД ХОРОСКОП: Љубовна врска со колега за еден знак

Добивај вести на Viber

Овен

Полека влегувате во динамична фаза кога љубовните прилики ќе ве изненадат. Викендов за овните е време кое треба максимално да се искористи и да се ужива. Внимавајте на здравјето.


Бик

Подобрувањето ќе ве охрабри повеќе да излегувате, па оние што се сами ќе почнат да се додворуваат. Викендов ќе одвоите време за себе надоградување, повеќе ќе истраживате и читате.


Близнаци

Насочете се кон она што го сакате вие, а не на она што од вас го очекуваат. Оние кои се слободни можно е викендов да запознаат личност која ќе им го смени животот. 


Рак

Ова се денови кога повеќето од вас ќе евоцираат спомени, ќе се навраќате на некои стари љубови. Ако треба некого да придобиете многу е веројатно дека во тоа ќе успеете повеќе одошто сте очекувале. 


Лав

Внимавајте на настинки. Можеби треба да почнете да размислувате попрактично, викендов подобро да се организирате, за да се видите и со пријателите, но исто така да завршите некоја обврска и во домот.


Девица

Ако сѐ уште сте сами, немојте да седите дома. Оние што се во врска ќе бидат исполнети. Можно е излегување во град со колеги, но исто така и на повидок е и нова врска со колега.


Вага

Оние што сè сеуште сами ќе бараат исклучиво личност од соништата. Сè повеќе сте подготвени јасно и гласно да го изразите својот став, а ако се согласува некој со него вие ќе изнесете и аргументи.


Шкорпија

Иако многу промени се случуваа на полето на љубовта, време е за поголеми промени во вашиот живот. Потребен ви е свеж воздух. Излезете со пријателите.


Стрелец

Во семејните и љубовните односи бидете попустливи, па дури и ако знаете дека сте во право. Потребна ви е поддршката и разбирањето од другите. Ако сте слободни приликите за нова врска се поволни.


Јарец

Вашата љубовна врска се продлабочува, а вие станувате свесни за досега скриени ситници. Во однос на партнерот подгответе некое изненадување и внесете повеќе креативност. 


Водолија

Ако сте во сериозна врска овој период е важен за нејзината иднина. Слободните водолии би можеле да започнат нова љубовна приказна, некој ќе превземе се за да ве освои. 


Риби

Во љубовта ви оди добро, всушност и подобро одошто се надевавте. Виекндов е погоден за забава и кафе со пријатели со кои поодмана се немате видено.