ВИКЕНД ХОРОСКОП: Љубовни маки за неколку знаци

Добивај вести на Viber

Овен

Љубоморни сте и мислите дека партнерот нешто крие од вас. Не носете нагли одлуки и решете го проблемот со разговор. Почнете со добро утринско смути. Сепак е викенд и време е за одмор.

Бик

Некој ќе ви упати љубовна порака и директно ќе ви даде до знаење што мисли или чувствува, но вие сте неодлучни по одговорот на ова прашање.

Близнаци

Ќе сретнете стара симпатија и ќе ви укаже можност да продолжите каде што застанавте и тоа ќе ве израдува. Романсата повторно ќе затропа на вашата врата.

Рак

Умеете да освојувате симпатии и немојте да дозволите да ви недостасува фантазирање или инспирација тогаш кога е најпотребна, а тоа е овој викенд.

Лав

Доживеавте големо разочарување, но одбивате да се соочите со тоа. Дајте си време на себе да застанете на нозе, нема потреба да форсирате нешто што нема иднина.

Девица

Изненадувањата се можни во различни правци. Доколку нешто не пробате, нема ни да знаете дали е добро или не. Премногу сте негативни, пробајте да се расположите.

Вага

Вашиот партнер точно знае што сака да оствари, додека вие се премислувате. Немојте тоа да влијае на вашата врска, пробајте да избалансирате помеѓу овие две крајности.

Шкорпија

Ќе се сретнете со стар партнер и тоа многу ќе ве усреќи, но морате да сфатите дека луѓето се менуваат и дека ќе имате впечаток како да запознавате потполно поинаква личност. Сепак, тоа не значи дека не е време за дружење, а кој би знаел - можеби и нова љубов.

Стрелец

Ќе имате нереални очекувања кога е љубовта во прашање. Никој не може да ги исполни вашите високи критериуми и вие се тешите дека ви е подобро без нив, но дали навистина е така?

Јарец

Му замерувате на партнерот и му префрлате без причин. Не оптеретувајте се со толку мали работи, не може да биде онака како што имате замислено.

Водолија

Насочете го своето внимание на некои пријатни настани и не оптеретувајте се негативни работи на кои не можете да влијаете.

Риби

Обврските овој викенд ќе ви се собираат и ќе имате впечаток дека нема да успеете да се изборите, но помошта ќе пристигне во момент кога нема да ја очекувате. Затоа, не помислувајте на големо вложување на труд овој викенд. Се ќе се реши само од себе.