Викенд хороскоп: Лошото заминува, среќни вести за два знаци
Девица
Ќе имате многу контакти, средби и сето тоа целосно ќе делува врз вашето расположение. Ќе имате можност за некоја промена што со задоволство ќе ја прифатите надевајќи се на поголема заработувачка. И нема да згрешите.
Вага
Ќе ви излезат некои непланирани работи на професионален план. Тоа од вас ќе бара многу енергија и трпение. Но не очајувајте, ве очекува награда од претпоставените. Можни се некои помали финансиски издатоци. Што се однесува до љубовта се е во најдобар ред.
Шкорпија
Ве очекува разврска на емотивното поле. Викендов е добар и за нови почетоци во љубовта, па соберете храброст и пријдете и на личноста која ве привлекува. Што се однесува до деловното поле тука постои можност за потпишување на договори, трговски зделки или пак можеби некое пократко патување.
Стрелец
Можностите за деловен успех и професионален напредок викендов ви се исклучително поволни, само треба да најдете најдобар начин да ги искористите. Ако сте амбициозни и имате силна волја и јака дисциплина успехот ви е загарантиран. Со партнерот и пријателите добро ќе се разбирате.