Викенд хороскоп: На Близнаците потребна им е помош, на Рибите им снемува сила, а што за останатите?
ОВЕН
Една личност се обидува да ве придобие во нивните планови. Слушајте што има да
каже, можеби би можеле да направите некоја поконкретна работа со неа. Навистина
ве нервира што не можете да се договорите за некои прашања со членовите на
семејството. Во емотивниот сегмент се чувствувате добро.
БИК
Некој може да ви даде информации кои се поволни за вас, но не сте сигурни колку
можете да му верувате. Се плашите дека евентуално ќе бидете разочарани подоцна.
Еден пријател бара услуга. Со две лица имате интересна комуникација и благо
флертување.
БЛИЗНАЦИОвој викенд ќе ви
треба помош и поддршка од колегите, па обидете се да побарате услуга од нив,
бидејќи нема да можете сами да ги завршите обврските што ги имате. Партнерот е
многу добро расположен и подготвен е да ви прости дури и некои ситни грешки од
претходните денови.
РАК
Свесни сте дека сте блиску до важни промени и го забрзувате темпото во
деловниот сегмент. Ако не денес, утре ќе ја добиете информацијата која толку
долго ја чекавте. Викендот е одличен за емотивни настани. Некои ќе имаат контакт или
средба со поранешен емотивен партнер.
ЛАВ
Можно е планираниот состанок или службено патување да се одложи во последен
момент. Имате чувство дека некои можности ви излегле од раце. Бидете фер кон
членовите на семејството, бидејќи овој викенд може да биде малку понапната
ситуација во семејното опкружување.
ДЕВИЦА
Некој ќе најде вина во се што ќе кажете или правите. Не сфаќајте го ова лично,
очигледно е дека овој викенд ќе ви треба повеќе труд за да убедите некои луѓе во исправноста
на вашите ставови. Ако можете, вториот дел од денот за време на
викендот поминете го во
одмор и релаксација.
ВАГА
Имате чувство дека луѓето со кои работите се обидуваат да спроведат договори.
За жал, не можете да направите ништо конкретно, освен да следите како се
развива ситуацијата. Емоционално сте несигурни и ви треба внимание и присуство
на саканата личност.
ШКОРПИЈА
Неочекувано, плановите од кои веќе мислевте дека ќе треба да се откажете,
почнуваат да се одвиваат нормално. Заблагодарете се на вашите среќни ѕвезди.
Сте молчеле за многу работи на саканата личност и мислите дека сега е
вистинското време да се отворите пред нив.
СТРЕЛЕЦ
Овој викенд сте несигурни и во исто време нерасположени, а тоа треба да се
трудите да не го покажувате во комуникацијата со луѓето со кои работите.
Чувајте ги вашите проблеми за себе. Сфаќате дека итно треба да промените нешто
во односот со саканата личност.
ЈАРЕЦ
Загрижени сте како ќе се развива ситуацијата во иднина по едно прашање. Немате
причина да се грижите, сè ќе се реши побрзо отколку што мислевте. Отворено
разговарајте со саканата личност, бидејќи на тој начин ќе надминете некој помал
проблем кој ја мачи вашата врска.
ВОДОЛИЈА
Од некого добивате солидна гаранција за деловно прашање. Едноставно не знаете
дали да се радувате или да чекате да се исполни ова ветување. Забележувате
личност која ви го привлекува вниманието. Обидете се да имате посилна
комуникација со неа.
РИБИ
И веќе ви снемува сила за некои прашања. Прилично сте уморни во текот на оваа
недела и едвај чекате да почне викендот. Викендот ќе бидете летаргични поради обврските. Саканата
личност предлага интересен состанок или вечера.