ВИКЕНД ХОРОСКОП: Нервози или пари, зависно од вашиот знак
ОВЕН
Ќе размислувате многу за работата и ќе сумирате дека овој месец и не бил толку лош. Саканата личност е покрај вас. Здравјето е добро.
БИК
Во љубовта ќе морате поотворено да разговарате со вашиот партнер ако сакате да ги избегнете недоразбирањата. Слободните претставници ги очекува опасен предизвик.
БЛИЗНАЦИ
Овој викенд ви е потребна мала помош кога станува збор за обврските на работа. Се што ви е потребно е домот, саканата личност и чаша вино. Вежбајте повеќе.
РАК
Емотивниот живот се стабилизира и покрај разнишана самодоверба. Ако сте и понатаму незадоволни во љубовта променете нешто но не бегајте од проблемите.
ЛАВ
Ве очекува пријатно изненадување во вашето семејство. Конечно ќе ви успее да ги погодите намерите на вашиот партнер, кои ќе бидат нешто сосема друго од она што сте го очекувале на почетокот.
ДЕВИЦА
Ќе бидете многу интересни во друштво, а во слободното време ќе бидете опкружени со вашите пријатели. Така среќни и расположени ќе работите одлично и ќе имате резултати подобри од очекуваните.
ВАГА
Не можете да ја поднесете егоцентричноста на вашите колеги. Во љубовта, доаѓа нова личност која е вашата сродна душа. Добро се чувствувате.
ШКОРПИЈА
Ќе имате мали проблеми на работа, кои ќе ги решите со вашата снаодливост. На љубовен план, ќе се изненадите од саканата личност.
СТРЕЛЕЦ
Атмосферата на работното место ќе биде добра. И покрај повремениот умор, вие полесно ќе работите. Пред вас се денови во кои ќе имате можност да тренирате толеранција.
ЈАРЕЦ
На дневен ред доаѓаат недовршени работи од минатото. Некои од нив во вас ќе предизвикаат емоции, па ќе ги одработувате со носталгија или со лутина.
ВОДОЛИЈА
Веројатно ќе организирате интересна забава. Оние кои сè уште бараат сродна душа така би можеле да наидат на љубов, додека оние во врска секој ден сè повеќе ќе откриваат колку се убави и добри малите работи.
РИБИ
Оние кои сè уште бараат сродна душа ќе бидат многу упорни во додворувањата и ќе одат до крај. На работното место, шефовите може да ја сменат својата тактика и ќе затегнат таму каде што најмалку сте се надевале.