ВИКЕНД ХОРОСКОП: Овие хороскопски знаци да внимаваат од неочекуван непријател
Јарец
Несигурен викенд во кој добро треба да размислите за следните чекори. Сеуште се можни непријатни изненадувања кои исто така ќе ви пречат во плановите. Се што е поврзано со тајни лошо ви е аспектирано па настојувајте во секоја ситуација да бидете отворени и јасни. Ќе морате да бидете потактични и во сентименталните односи.
Водолија
Доколку овој викенд присуствувате на некој деловен состанок бидете многу внимателни во комуникациите со претпоставените бидејќи на тој план владеат напнатости. Колегите и соработниците ќе ви бидат наклонети, па сега најдобро е да се обидете да се движите, по заобиколени патишта. На интимен план ситуацијата ве е значително подобра.
Риби
Ситни проблеми ќе ви создаваат големи главоболки. Се почесто ќе бидете уморни што ќе ја зголеми вашата раздразливост. Финансиската ситуација не е онаква каква што посакувате да биде, па ќе морате да се потрудите повеќе за тоа. Бидете мирни викендов и потрудете се наредната недела да ја започнете со поинакви мисли.