Викенд хороскоп: Овните ќе трпат притисок на работа, Лавовите ќе бидат изненадени од финансиски трошоци
Овен
Чувствувате притисок на работа. Некој ги тестира вашите граници на издржливост. Сега не е време за исправувањето на кривите патишта. Викендот искористете го за да си ги средите мислите, и да ги контролирате вашите реакции. Почетокот на неделата ви носи подобра енергија.
Бик
Љубовните проблеми сега ќе доживеат кулминација. Немојте ништо да пресечете преку ноќ. Сабота и недела се денови за опуштање и така искористете ги. Нежен и топол разговор со сите, а особено со вашиот емотивен партнер. Проблемите решавајте ги во недела.
Близнаци
Вие сте во убава енергија и потрудете се така да остане и за деновите од викендот. Ќе бидете изненадени од острите реакции од блиското опкружување. Немојте да наседнувате. Мирот кој го чувствувате не случајно е дојден до вас. Длабоките внатрешни разговори ќе ви годат.
Рак
На работа енергијата е напната. Вие сте сунѓер за такви работи. Сепак, немојте таа енергија да ја пренесувате и во викендот. Убав ручек, чаша вино со одбрани луѓе и вие ќе се наполните со нова енергија која ќе ја пренесете во следната работна недела.