Викенд хороскоп: Овните ќе трпат притисок на работа, Лавовите ќе бидат изненадени од финансиски трошоци

Лав

Ќе ве изненадат финансиски трошоци. Особено Лавовите кои се во процес на адаптација. Тоа може да се одрази на работата, бидејќи сте преоптеретени со приватните проблеми. За викенд длабоко земете воздух, дигитрон во раце и повлечете црта. Сепак, не е сѐ толку црно како што ви изгледа.

Девица

Деловниот дел од вашиот живот засега е мирен. Не ви ја црпи енергијата. Викендот искористете го за детално зимско средување на станот за да сѐ да биде тип топ за претстојните празници. Вие сакате сѐ да е на свое место, па затоа време е да ја украсите елката.

Вага

Духот на зимската магија ви годи, таква енергија и испуштате од вас. Би било убаво деновите од викендот да ги искористите за купување на подароци за новогодишните празници. Убав ручен со драгата личност е нешто што ви носи мир и спокој.

Шкорпија

Тензиите на работа се големи, особено за Шкорпиите кои скоро промениле работа. Вие се снаоѓате, но сте пред пукање. За викенд застанете, и само правете го она што ви годи. Би било убаво да ја проверите крвната слика.


Претходна страна  Следна страна