Викенд хороскоп: Овните ќе трпат притисок на работа, Лавовите ќе бидат изненадени од финансиски трошоци

Добивај вести на Viber

Стрелец

Вашето време е само ваше. Вие знаете да уживате во студените денови од зимата. Работата ви е океј, освен извесен колега кој ви создава проблеми. По викендот на мир поразговарајте со него и убаво посочете му на некои работи.

Јарец

Немојте да одите по лоши патеки. Имате грст одлични деловни идеи. Веднаш по почетокот на неделата изнесете ги пред своите соработници. За викенд сѐ убаво ставете на хартија. Слободно послушајте го советот од колешка, ви посакува само добро.

Водолија

Ако се потрудите и само малку излезете од комфортот ве очекуваат големи пофалби од стручниот тим. Затоа сега за викенд своите идеи смислете ги до најситниот детаљ и полека со почетокот на работната недела закажете состанок. Ве очекува голема среќа и кога е љубовта во прашање, особено за Водолиите кои немаат партнер.

Риби

Вие ќе уживате и овој викенд. Сѐ работи за вас, универзумот, планетите, љубовта и животот. Не треба ништо да менувате, само опуштете се и максимално уживајте.



Претходна страна