ВИКЕНД ХОРОСКОП: Позитивни промени кај неколку знаци
Рак
Минатите недели се обидувавте толку многу за некои работи, но на крај ништо не испадна како што сакавте. Во текот на оваа недела ќе дојдете до некои дополнителни информации за кои ќе бидете среќни. Мора да прифатите дека некои нешта не може да се контролираат или да влијаете врз нив, но тоа не значи дека тие се лоши за вас.
Лав
Пријателите нема да успеваат потполно да ве разбираат и тоа ќе ве нервира. Можни се расправии со најблиските пријатели. Во наредниот период ќе остварувате контакти со стари пријатели кои одненадеж ќе се вратат во вашиот живот.
Девица
Можеби е крајно време да ја прифатите реалноста и со поголем оптимизам да гледате кон нештата и кон иднината во целина. Избегнувајте ги судирите од каков било облик. Не дозволувајте одредени нешта да ви избегаат, за кои подоцна нема да имате шанса да ги вратите во игра.