Викенд хороскоп: Пред полна месечина пресврт- Немојте да се плашите
На 23 септември, на месечината ќе светене ПОЛНА МЕСЕЧИНА. Но периодот до нејзиниот вистински сјај ќе биде малку тежок скоро за сите припадници на Хороскопот. Треба многу да внимавате на здравјето, посебно на стресот и секако на вашата финансиска состојба. Космичките енергии ќе бидат многу силни, заштитете се од негативна енергија со вашите позитивни мисли кои мора да бидат на самиот врв!!!
ОВЕН
Ќе бидете во ситуација да се занимавате со нешто кое за вас ќе биде непозната област, со која вие немате никаков допир. Споделете ги вашите проблеми со најблиските и побарајте нивно мислење. Можете да добиете целосно решение за вашите проблеми или делумни идеи кон кои можете да го насочите вашето внимание.
БИК
Викендов очекувајте стресови. Поголемиот дел од настаните е поврзан со некоја личност од вашата непосредна околина, па најдобро би било што повеќе време да поминете сами. Не се потпирајте на никого и не се доверувајте. Бидете трпеливи се брзо ќе заврши, па потоа ќе можете да здивнете.
БЛИЗНАЦИ
Викендов може да ви донесе тензија кога станува збор за јавноста, а вие ќе имате впечаток дека е потребно да му попуштите на некој кој има поинакво размислување од вас. Ќе имате прилика да работите некоја нова работа, со нови техники или ќе стекнете некое ново искуство.
РАК
Го избравте вистинскиот момент за да се активирате. Никогаш не е доцна, но вие по правило носите вистински одлуки во погрешно време. И покрај се ќе бидете задоволни. Следниот период е одличен за средување на љубовниот живот, односно за некој посериозен чекор напред.
ЛАВ
Во прв план секогаш ви е друштвото. Искористете го организаторскиот талент, ентузијазмот и желбата за големи достигнувања.Секогаш можете да избирате меѓу две работи. Потрудете се да го искористите слободното време квалитетно ако сакате да се наполните со енергија. Инвентивноста ви помага со леснотија да ги остварите работните обврски.
ДЕВИЦА
Викендов ви донесува нови можности во поглед на проширување на соработката со странски фирми. Многу сте амбициозни и нема да се двоумите во врска со новите проекти. Можеби ќе добиете некоја интригантна информација во врска со деловниот партнер.
ВАГА
Би сакале да имате прилика да стекнете моќ над другите особено над конкуренцијата, ако тоа го постигнете, би требало да ја искористите оваа моќ за она што ви е потребно на вас, но и на оние околу вас. Немојте својата моќ да ја користите само за себе бидејќи тоа нема да ви донесе никаква предност. Некој Јарец или Шкорпија ќе ви помогнат да донесете одлука.
ШКОРПИЈА
Викендов ќе бидете доста ангажирани. Ќе следи поддршка од другите за она што го работите, но со неа ќе дојде и потребата да изреагирате или да ја искристализирате целата работа. Ќе поминете многу подобро отколку што сте се надевале, само ако се воздржите од коментари. Имајте го тоа на ум.
СТРЕЛЕЦ
Викендов можат да ви се случат неочекувано важни настани што ветуваат поволен исход. Добивате деловна сатисфакција, но таа не ве прави среќни. Бидејќи сте нескромни, ситуацијата ни од далеку не може да ги задоволи вашите апетити. Вашите деловни соработници ќе посакаат да ја продолжат соработката со вас, обидете се да ги уверите дека нивната одлука е правилна.
ЈАРЕЦ
Би требало да ги искористите деловните контакти бидејќи од нив ќе имате корист, барем кога станува збор за вашите лични интереси, дури иако на тоа воопшто не сте помислиле. На некој кој е влијателен можете да му се допаднете. Можеби ќе морате да се соочите со моќни притисоци и сили вперени кон вас од оние кои ве сметаат за силна конкуренција.
ВОДОЛИЈА
Не се разочарувајте ако немате мотивација да се стремите кон остварување на вашите големи планови. Потребно е да се реорганизирате и да си ја повратите енергијата. Од утре ќе се почувствувате како нови. Но дотогаш, бидете потолерантни кон себе. Искористете го денот за повеќе размислување и психички труд, наместо да се фрлите на динамична активност.
РИБИ
Овој викенд ќе имате проблеми со меѓучовечките односи. Средината не може да го разбере вашиот перфекционизам и настојување да ја одберете потешката варијанта. Доколку некој добронамерно ви укажува на направените грешки, вие многу се лутите и нервирате. Не дозволувате никому да делува на било кој начин врз вас иако тоа би го направил со најдобра намера.