ВИКЕНД ХОРОСКОП: Романтика за еден знак, за друг авантура
Вага
Што и да се случи викендов, не враќајте се наназад
- ѕвездените влијанија ќе ве поттикнат да дејствувате за идните можности. Некои
од вас ќе размислуваат за финансиски прашања што исто така ќе бидат важни за
иднината - на пример, земање заем за поголема набавка или финансирање на авантура.
Шкорпија
Викендов можете да испровоцирате некого со вашето
однесување и тој/таа да реагира пожестоко. Ако е сакана личност, нема да бидете
задоволни што е нарушена хармонијата во вашата врска. Викендов ќе бидете
подготвени да започнете авантури.
Стрелец
Викендов, кога ѕвездите ќе ви дадат вистинска
шанса да промените нешто, ставот дека ништо не зависи од вас ќе ви ја одземе
силата и, соодветно, ќе ве држи во стагнација. Работете за да избегнете
повторување на претходните ситуации, да се ослободите од старите врски - обидете
се да постапувате поинаку, не на начинот на кој досега сте работеле, размислете
кои нови проекти би можеле да ги реализирате - само тогаш ќе можете да одите
напред .