Викенд хороскоп: Шкорпијата ќе се шокира, а неколку знаци ќе имаат само проблеми

Овен

Викендот ќе ви помине во завршување на обврските, кои не сте успеале да ги завршите во текот на неделата. Време за некои други активности или дружење ќе немате. Доцните часови ќе ги поминете со вашиот партнер.

Бик

Викендот ќе ви помине онака како што ќе сакате. Би требало ова да биде еден убав викенд, поминат во друштво на една личност која ви подарува многу внимание. Тоа ќе ви годи и ќе сакате повеќе од пријателски однос со неа.

Близнаци

Посветете се на себе, своите желби и потреби, а најмногу на одморот. Сите ви се поважни, но треба да се ставите вие на прво место. Викендот би можел да ви донесе и ситуации во кои ќе треба да им се посветите на личности кои немаат големо значење во вашиот живот.

Рак

Викендот нема да поминете во некое предобро расположение, бидејќи постојат работи кои ве мачат и за кои нема со кој да зборувате. Но, обидете се данајдете некој, бидејќи ќе почувствувате големо олеснување. Можеби ќе наидете на разбирање и добар совет.


Следна страна