ВИКЕНД ХОРОСКОП: Три знаци ќе уживаат во среќа и љубовна романтика
Рак
Грижата околу еден член од семејството ве оптоварува и викендов ќе имате потреба да му се посветите и да му покажете дека многу ви значи. Оставете ги емоциите на страна и обидете се да се опуштите. Бидете внимателни и не покажувајте нервоза.
Лав
Ги имате сите причини да бидете задоволни со себе, но како нешто да ве тера назад. Имате потреба да се враќате назад и да се преиспитувате. Опуштеноста и самоувереноста која вообичаено ве краси е намалена и пријателите не можат да ве препознаат. Дел од тоа што ве измачува се и некои нерешени семејни проблеми.
Девица
Ги користите сите начини да им се приближите на пријателите и да го обновите контактот што во изминатиот период го имавте прекинато. Вашето повлекување предизвика револт кај пријателите и сега имате желба на некој начин да го поправите односот. Грижата која ќе ја покажете ќе биде навистина искрена и повторно ќе се вратите во кругот на оние кои ви значат.