ВИКЕНД ХОРОСКОП: Вистинско време за искрен разговор за два знаци
Овен
Чувствувате зголемена емоционална екстаза во нечија близина и ви се допаѓа новата улога. Понекогаш дури и тие „чудесни желби“ можат да се остварат, важно е работите да се нарекуваат со нивните „вистински имиња“. Направете го тоа и овој викенд ќе биде исполнет со љубов!
Бик
Покажете великодушност пред саканата личност. Избегнувајте ривалска врска или „љубовни убоди“ што непотребно ве разделуваат. Дури и кога размислувате поинаку, тоа не треба да доведе до спротивставување.
Близнаци
Ако сте премногу нурнати во улогата на „должен критичар“, треба да се соочите со некои негативни реакции кои доаѓаат од вашите блиски. Не можете секогаш да влијаете на нечие мислење или однесување, затоа викендов „наполнете ги батериите“ и од понеделник подгответе се отворено да разговарате со нив.
Рак
Анализирајте ги новите пораки што ги добивате од вашата сакана повнимателно. Не ги игнорирајте нечии зборови или емотивно предупредување, само затоа што не ви се допаѓа тоа што го слушате.
Лав
Се чувствувате добро. Доколку имавте некои здравствени проблеми, тие поминаа и викендов е вистинско време да се вратите во форма. Затоа, упатете се кон паркот и уживајте!
Девица
Нема причина да го скриете незадоволството од личност која добро ве познава, потребна ви е нечија искрена поддршка. Со потиснување на чувствата, вие само охрабрувате уште поголема напнатост. Опуштете се. Проблемите ќе бидат решени, само разговарајте искрено.
Вага
Се вклучивте во разни ситуации спротивно на вашата волја, и сега барате добар излез или некое практично решение. Чувајте ја присебноста, секој проблем има потенцијално добро решение под услов да прифатите нечиј совет и позитивно влијание.
Шкорпија
Потребна ви е нечија искрена поддршка или личност со која можете да изградите чувство на доверба и емоционална близина. Изберете општество за интимна доверба повнимателно. Викендов е вистинското време за искрен разговор.
Стрелец
Обидете се да се однесувате доволно волшебно или „неодоливо“ во друштво на блиска личност. Натерајте го вашиот партнер да го направи вашиот викенд посебен. Навистина, секогаш постои начин да се постигне она што го сакате.
Јарец
Успорете! Поминете го викендот дома со добра книга или филм и „наполнете ги батериите“ затоа што ве чека напорна недела.
Водолија
Треба да се однесувате порелаксирано пред блиска личност за подобро разбирање. Дозволете му на вашиот партнер да има поистакната улога во блискиот контакт.
Риба
Повремено изгледа како да го губите умот или трпеливоста пред блиска личност, која прави работи што не ви се допаѓаат. Изгледате премногу напнато во нечија близина и ви треба релаксација и одмор.