ВИКЕНД В ПЛАНИНА

Добивај вести на Viber

  Кога се разделивме со пријателот, Весна ми рече: „Алал да му е на Сашо“. А јас занесена прашав: „На кој“? Весна нервозно дополни: „Милка, те молам, не си ти единствена заљубена во цел свет. Те молам, соземи се и почни да мислиш. Сашо е пријателов кој го сретнавме. Ми даде важни информации за Кире. Е сега јас влегувам в борба. Колку се луѓето безобразни. Ова е маж? Зошто не седне и не ме повика на разговор, туку бега од мене, не ми дава пари, пие и има љубовница? Затоа што треба да признае дека јас го купив и станот и покуќнината. Има сè да му земам“.

  „Сестро јас ќе сведочам дека тоа се твои пари. А и така, ти заработуваше пари од продавање на пазар? Кога е таков лажливец, ќе му се спротивставиме и ние“, ѝ кажав храбро и решително. „Милке, ваква те сакам кога си одлучна и силна. Мора да бидеме непокорливи и да му докажеме дека не може да си игра со нас. Да завршам со полагањето за фризерка и ќе го средиме и него“, ми рече.

  Дојдовме дома и не разговаравме повеќе. Весна мораше да биде смирена и да биде релаксирана. Другиот ден бевме во фризерницата и Весна со Миа ги повторуваше фризурите. Потоа одмаравме. Следниот ден го полагаше курсот. Јас ја чекав во фризерницата. Кога дојде беше пресреќна. Комисијата се изненадила од неа и ѝ кажале дека е надарена и дека брзо и лесно работи и дека го положила курсот. Миа ни понуди да продолжиме кај неа двете. На Весна ќе ѝ дадела плата со заработувачка на процент, а јас да вежбам кај неа.

  На Марко сигурно му се јави Александра и тој дојде во фризерницата и се запознаа со Весна. Таа се понуди и нè однесе сите да нè почести во блиската пицерија. Мојата љубов со Марко се гледаше од далеку. Со погледи вперени и заљубени на сите им бевме мили и симпатични. На сестра ми ѝ претстоеше тежок развод, а јас бев заљубена и не ме интересираше околината. Но, јас, сакала или не, ќе морав да се вклопам и да балансирам во овие турбулентни моменти. Животот е многу чуден. Не можеш ни да се израдуваш, ни да се исплачеш. Сè е измешано. Секој човек поминува многу борби и секој е јунак на свој начин.

  Со Марко станавме порано и заминавме на прошетка. Додека се шетавме почна да ми зборува: „Милка, се промени планот за викендот. Нема да одиме в диско ѝ кажав и на Александра. Планираме со друштвото да одиме на планина викендов бидејќи ќе биде премногу жешко. Ќе се сместиме во еден прекрасен хотел што дава голем попуст на студенти. Ќе патуваме со коли, ќе пешачиме по планина, а што е најважно ќе дишеме свеж воздух и знаеш дека сите во друштвото се прекрасни. Сакаш да дојдеш со мене?“ Веднаш зинав, но се повлеков и му реков: „Прво, да разговарам со сестра ми, сепак, да ја прашам што мисли, па ќе ти се јавам“. Марко ме прегрнуваше и ме гушкаше велејќи: „Те молам, замоли ја сестра ти. Многу те сакам и сакам да бидеме заедно“. Kлимав со глава, но сепак имав доза на двоумење. „Како ќе каже Весна“, си реков во себе.

  Вечерта разговаравме со Весна. Таа ми кажа: „Милка, знам што значи овој настан за тебе. Се ставам на твое место, имаш вонсериска љубов со прекрасен и со воспитан млад човек. И ти и тој сакате да сте заедно, што е нормално за ваша возраст. Овие настани остануваат да се паметат цел живот. Мислам дека треба да одиш, па ќе се види иднината понатаму што ќе донесе. Сегашноста е сега, во моментот“.

  Бев изненадена од нејзиното размислување. Станав, ја гушкав долго и ѝ реков: „Знам, но сакам да сме заедно. Тоа е посилно од мене“. Другиот ден му се јавив на Марко и му потврдив. Рипаше од радост. Му реков дека денес ќе одам да купувам некои работи што ми се потребни и дека утре ќе се видиме.

  И така, се спакував и утредента тргнавме кон нашата планинска авантура. По пат, беше убаво, природата беше живописна и сите ние бевме расположени. Застанавме во едно мало ресторанче на појадок и на кафе. Потоа, си продолживме. Патот по планина беше стрмен, но се искачивме.

  Кога стигнавме, се распакувавме и излеговме да прошетаме. Се договоривме да не одиме далеку едни од други. Марко забележа една мала цветна ливада. Ја стави тренерката на земја и си седнавме. Разговаравме за неговиот факултет и за испитите, а јас се двоумев дали да се запишам на факултет. Иднината нема потреба да се планира, таа сама си го трасира својот пат. Но, ние сме љубопитни и секој од нас би сакал да ѕирне низ прозорецот на иднината, макар и за миг, но тоа е невозможно.

  Полека, легнавме на ливадата. Марко ме бакнуваше постепено и страсно. Ми ја откопча кошулата и почна да ми ги бакнува градите. И минатиот пат, забележав дека немаше големо љубовно искуство, а јас, пак, воопшто. Почнав да го бакнувам од градите надолу. Му го откопчав шлицот од панталоните и почнав да му го бакнувам и да му го лижам неговиот врел орган. Почна да ми ги лиже градите и да ме грицка. Го фатив со рака неговиот рган и со устата му го шмукав. Беше дојден до врвот. Почна да свршува бакнувајќи ми ги и гризејќи ми ги градите и шепотејќи ми: „Милке, ти си ми прва и единствена љубов. Многу те сакам, срцето ми трепери, еве допри ме“. Го допрев. Навистина, срцето му биеше силно. Му реков: „Марко и јас те сакам. Од првиот миг кога те видов. Ти си сонце мое, мојот свет. Не знам што би правела ако не те запознаев тебе. Ми го оплемени животот и душата“.

  Во меѓувреме, другите почнаа да викаат: „Каде сте другари?! Ајде, одиме на вечера!

АНОНИМНА