Викендов преполни дискотеки, Доктор Лазаров: Сите што лудувате викендов, да не ме вознемирувате кога ќе почнат температурите (ФОТО)

Последниот викенд во кој може да се органзиираат забави без ограничувања значеше полни ночќни клубови и дискотеки, кафеани од кои ечеше музика и се играше, гужжва без какво било почитување на дистанцата. Додека се зголемува бројот на новодијагностицирани, граѓаните кои одлучиле да се забавуваат не беа предомислени ниту од апелите на докторите. Вчера министерот за здравство рече дека 40 отсто од заболените дале епидемиолошки податок дека биле на некоја забава. Објавените фотографии го испровоцираа и доктор Ненад Лазаров кој за време на целата пандемија несебично излегува во пресрет на своите пациенти и никогаш не ги одбил ковид болните за прегледи.

„Сите што лудувате викендов по кафани,концерти и фестивали, од сега ви кажувам дека немам намера да дозволам да ме вознемирувате на полноќ кога ќе почнат глупостите со температури,главоболки и т.н. После вие паничете, ја немам намера, ве пратам шо праите и не ми се верува, напиша на фејсбук.

Детали погледнете на Фактор тука.