Викторија Бекам во костим за капење: Речиси никогаш не ја гледаме ваква, а сега воодушеви во преубави црвени бикини

Добивај вести на Viber

Дизајнерката Викторија Бекам ретко може да ја видиме во костим за капење. Во превод, речиси никогаш. Но, нејзиниот семеен одмор на Сардинија донесе една таква ретка можност.

Викторија Бекам крстари со луксузна јахта вредна 1,6 милиони долари, на која се нејзиниот сопруг Дејвид Бекам и нејзините деца.

View this post on Instagram

A post shared by National Express Newspaper (@nationalexpressindia)


Појавата на Викторија Бекам често е проследена со негативни коментари насочени кон тоа дека модната дизајнерка е преслаба, па дури и дека гладува, дури и нејзиниот сопруг изјави дека со години ја јаде истата храна: риба на скара и зеленчук на скара. Популарната дизајнерка ги негира ваквите приказни тврдејќи дека се храни здраво, за што раскажа и неодамна во интервју за австралиски „Вог“.

Викторија изгледа одлично на фотографиите кои кружат по светските портали! Не само што носи одличен модел на костим за капење - што и би очекувале од неа, туку едноставно плени со својата витка линија.

Бекамови ова лето се на турнеја на различни дестинации, прославувајќи 23 години брак. 


Извор: zena.blic.rs