Вилијам ја третирал Кејт како слугинка: Интимни детали од врската на кралската двојка
Ендру Мортон, авторот на книгата „Вилијам и Кетрин“, која излезе пред венчавката на војводата и војвотката од Кембриџ, тврди дека нивната врска била катасрофална и дека многу пријатели се чудат како воопшто завршиле во брак.
Во книгата за кралската двојка зборуваат луѓе кои се дружеле со нив додека биле во врска и ретко кој има убаво мислење, бидејќи Вилијам ја третирал Кејт како слугинка.
Кога тие двајца накратко раскинаа во 20017-ма година, многу пријатели биле среќни заради Кејт. Вилијам ја држел Кејт многу строго и ја земал „здраво за готово“, често ја игнорирал во друштво, особено додека разговарал со други луѓе.
- Нивната врска секогаш висеше на ивица. Секогаш имаа проблеми и расправии. Вилијам ја третираше Кејт како слугинка, а не како девојка- раскаќува една пријателка на кралската двојка и додава дека принцот правел се што ќе посака со Кејт.