Вип со поддршка на националниот натпревар „Microsoft Office Specialist“

Добивај вести на Viber

Вип како компанија која ги следи светските телекомуникациски трендови, а со тоа и развојот на дигитализацијата го поддржа националниот натпревар „Microsoft Office Specialist“ чија цел беше унапредување на дигиталната писменост во Македонија. 

“Особена чест ни претставува што ја поддржуваме едукацијата на млади и талентирани луѓе се со цел да го усовршат нивното дигитално знаење. Поддржувањето на настани што се од големо значење за заедницата, а кои вклучуваат можност за образование е една од нашите заложби, затоа што сме дел од ова општество и наша обврска и посветеност е да помогнеме младите луѓе да ги остварат своите идеи”, изјави Елена Ристовска, Раководител на одделот за корпоративни комуникации во Вип.

На националниот MOS натпревар кој започна кон крајот на минатата година се пријавија повеќе од 1000 млади, од кои 40 со најдобар резултат влегоа во финалето. Овогодинешниот победник ќе ја застапува Македонија во Орландо, Флорида како најдобар Microsoft Office Specialist. Ќе се натпреварува со претставници од повеќе од 140 земји и ќе се бори за титулата најдобар Microsoft Office Specialist во светот. Сите учесници кои ги положија испитите се стекнаа со меѓународни сертификати, со што ја потврдија нивната дигитална писменост и вештини неопходни за понатамошен успех и кариерен развој. 

MOS (Microsoft Office Specialist) натпреварот е наменет за млади лица на возраст од 13 до 22 години, односно за сите ученици од основните и средните училишта, како и студентите на факултетите. Учесниците на овој натпревар имаа можност да ги покажат своите вештини во познавање на Microsoft Office алатките: Word, Excel и PowerPoint (2013 или 2016).