Вирусот стивнува: Граѓаните може достоинствено да ги прослават празниците, порачаа Филипче и Заев
Министерот за здравство, Венко Филипче и премиерот Зоран Заев кои денеска присуствуваа на отворањето на фабриката Гересхајмер која ќе произведува медицинско стакло за фармацевтската и здравствената индустрија, изјавија дека досегашните мерки даваат резултати и дека сега кога има опаѓање на епидемиолошката крива, граѓаните имаат можност празниците да ги поминат достоинствено.
-Рестриктивните мерки даваат резултати. Престанува притисокот во болниците, се намалува бројот нас приеми, како и на новодијагностицирани и сето тоа ни дава за право да кажеме дека стивнува овој бран. Сепак, внимателно ја следиме состојбата. Ние избравме умерени, избалансирани мерки кои придонесоа најмногу за намалување на притисокот врз ковид-центрите. За разлика од бројот на пациенти на 7. 8. 9. април, сега веќе се ослободуваат одделенијата, рече министерот Филипче.
Инаку, заклучно со вчераниот ден во Македонија се вакцинирани 53.000 граѓани.