VISA Business картичка од Силк Роуд Банка: Намалете ги трошоците за работење на вашата компаниja

Добивај вести на Viber

Во месец октомври оваа година Силк Роуд Банка ја лансираше првата VISA Business припејд картичка во Република Северна Македонија. Картичката е единствена од ваков тип на домашниот пазар, со можност за надополнување на истата според потребите на компанијата. За чекорите кои претходеа пред лансирањето на картичката и за очекувањата во претстојниот период, разговаравме со Кристина Десковска, Директор на Секторот за население во Банката.

1. Од неодамна ја воведовте VISA Business припејд картичката за која велите дека е единствена од ваков тип на пазарот во нашата држава. Што ве мотивираше за лансирање на припејд картичка за правни лица?

Да, точно така, во месец октомври оваа година Силк Роуд Банка го прошири своето портфолио на платежни картички од брендот VISA со воведување на единствената VISA Business припејд картичка наменета за правни лица. Силк Роуд Банка е особено горда што е избрана за соработка од страна на глобален лидер во делот на платежните услуги како што е VISA, што претставува дополнителен доказ и признание од страна на VISA на нашиот иновативен пристап и пристап ориентиран кон решавање на деловните потреби на клиентите. Имено, станува збор за бесконтактна платежна картичка со уникатна можност за надополнување на картичката согласно со потребите на компанијата. Пред лансирањето на картичката, претходеше детална анализа на понудата на бизнис платежни картички на нашиот пазар, како и разговори и согледувања на потребите и барањата на нашите постојни клиенти правни лица. Ние сме една од ретките банки во нашата држава која карактеристиките на своите продукти ги креира во консултации со нашите клиенти. Kартичката гласи на име на правното лице и истата може да се користи за подмирување на секојдневни службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство или пак за подигнување готовина на банкомати.

2. Кои се предностите на картичката споредбено со другите картички кои постојат на пазарот?

Како што и напоменавме претходно, станува збор за картичка со можност за надополнување секогаш кога ќе посака и има потреба компанијата, без ограничување во поглед на износот со кој се надополнува картичката, во максимална вредност до 1.440.000 денари. Едно правно лице, односно компанија, може да подигне повеќе картички и да ги распредели на своите вработени за кои што мисли дека истите ќе имаат потреба, при што нема ограничување во бројот на картички колку што може да поседува компанијата. Секоја компанија во своето секојдневно работење се соочува од потреба за плаќање на разни видови на трошоци, без разлика дали станува збор за трошоци за деловни патувања, состаноци, резервации за хотелски сместувања или авио билети, трошоци за репрезентативен материјал, угостителски услуги или пак трошоци за гориво, VISA Business картичката може да ги задоволи најразличните потреби на секоја компанија. Надополнувањето на картичката е едноставно и може да се врши онлајн преку електронското банкарство на Силк Роуд Банка или друга банка, како и на благајна во експозитура на Банката. Притоа, откако ќе се надополни картичката со одреден износ на средства, тие се веднаш достапни и корисникот на картичката може во секое време да располага со нив.

3. На кој начин може да се аплицира за VISA Business картичката и кои се трошоците поврзани со неа?

Аплицирањето за картичката е бесплатно и се врши во било која експозитура на Банката со едноставно пополнување на апликација и останатите потребни документи за отворање на трансакциска сметка на правното лице, како што се тековна состојба на компанијата и документ за идентификација на овластеното лице на компанијата. Огромна предност за компаниите е тоа што немаат дополнителни трошоци во вид на годишна членарина за користењето на картичката.

4. Дали со картичката може да се подигнува готовина на банкомати на други банки во земјата и странство?

Да, се разбира, картичката е со меѓународна важност од брендот VISA, прифатена секаде на милиони локации, продажни места и банкомати во светот. Практично, картичката може да се користи насекаде каде што е истакнат знакот на VISAво државата и странство. Дополнително, за имателите на картичката на располагање 24/7 им е најсовремен контакт центар за секакви дополнителни информации поврзани со картичката или пријава на загубени картички.

5. Што и би им препорачале на новите компании кои би сакале да станат ваш клиент и да ја поседуваат картичката?

Веќе скоро една година живееме и работиме во екот на најголемата светска економска и здравствена криза со која што сите ние сме се соочиле како општество и држава. Секоја компанија има своја сопствена деловна политика и план за работење во периодот на ковид-19 пандемијата, но останува едно нешто кое е заедничко за сите компании во овој период, а тоа е речиси и да нема фирма или претпријатие што нема преземено одредени мерки за трансформирање на своето работење и трошоците поврзани со тоа, а во согласност со новите услови и начини на работа и функционирање. VISA Business картичката ги намалува трошоците за работа на компаниите од едноставна причина што избор на самата компанија е кога и како и за кои намени ќе ја користи и колку средства се потребни на истата за непречено функционирање на компанијата, а при тоа истовремено и за зголемување на ефикасноста на самите работни процеси и контрола на трошоците направени од вработените кога се надвор од деловните простории на компанијата.

На крајот би додала дека по повод лансирањето на картичката, подготвивме и мало изненадување за новите клиенти корисници на картичката. Имено, за првите кои ќе аплицираат во месец декември следува подарок сигурносен бизнис ранец од Силк Роуд Банка и VISA.


ПР објава