Висока мода во „Ѕвездите на Гранд“: Карлеуша јавно ги пофали македонската натпреварувачка и дизајнер

Како што веќе знаете, снимањата од четвртиот круг на „Ѕвездите на Гранд“ започнаа и веќе имавме можност да ги видиме модните комбинации во кои познатата пејачката Јелена Карлеуша се појавуваше. Нејзиниот стил, кој го негува со години за некои е одбивен, но кај некои предизвикува големо воодушевување, а поради тоа нејзините коментари на сметка на изгледот на натпреварувачите, секогаш се проследуваат со големо внимание.

Иако вообиено не се споделуваат видеа од натпреварувачите додека емисијата во која ќе се појават не се емитува, Јелена го прекрши тоа мало „правило“. Имено, таа на стори на Инстаграм сподели видео на кое нашата натпреварувачка Марија Груевска пее нејзина песна. Станува збор за песната „Управо остављена“ која оваа Македонка ја отпеа во џез верзија.

View this post on Instagram

A post shared by MARIJA GRUEVSKA (@marija_gruevskaa)

Но, освен одличната интерпретација, она што го привлече вниманието на Карлеуша беше изгледот на Марија. Фустанот кој го носеше таа за оваа прилика потсетува на оние балски фустани, кои имаме можност да ги гледаме само во сериите или филмовите кои се посветени на некои минати времиња.

Зад оваа креација, стои нашиот дизајнер Златко Јовановски, кој Јелена јавно го означи на видеото на кое што напиша: „Висока мода во „Ѕвездите на Гранд“. Многу интересна натпреварувачка од Македонија. Ја пее мојата песна „Управо остављена“ во џез верзија“.