Вистинска жена има целулит и вишок килограми: Овие дами целосно го променија светот на модата!

Добивај вести на Viber

Вистинска жена има целулит и вишок килограми: Овие дами целосно го променија светот на модата!

Се гордеат со своите облини, а воедно се сигурни дека вистинската жена не е совршена!

Целулитот ја мачи речиси секоја жена, а во денешно време се чини како срам да се има некоја несовршеност на телото. Во ерата на фотошоп и социјалните мрежи се наметна правилото дека сите жени мора да изгледаат топ, кожата да им биде сјајна, лицето без брчки, а извајаните нозе и стомак се земаат здраво за готово.

Во морето познати личности кои подлегнаа на овој тренд и не се осмелуваат да објавуваат фотографии без претходна обработка, овие дами се меѓу ретките кои гордо го покажуваат своето тело и испраќаат порака дека е сосема во ред да се биде несовршен и дека токмутие мали несовршености ги прават жените шармантни и посебни.

Тие не се совршени, имаат целулит, имаат прекумерна тежина и се гордеат со тоа. Овие жени направија вистинска револуција кога е модната индустрија во прашање.

Иако некогаш тоа место беше резервирано само за слаби жени, тие успеаја да се најдат на насловните страници на водечките светски магазини.

Тара Лин


Таа е многу популарна личност во светот на модата во последно време. Има украсено многу корици и вели дека е горда на своето тело.

Кејт Аптон


Иако не припаѓа на плус сајз моделите, агенциите мислеа дека не е доволно слаба, но таа беше одлучна и сепак направи голем успех во светот на модата. Таа е модел и актерка. Иако има само 28 години, украсила преку 100 насловни страници.

Ешли Греам


Можеби најпознатиот плус сајз модел е Ешли. Откако се појави, таа ја фасцинира публиката со својата убавина. Таа воопшто не се срами од своите раскошни облини и вели дека секоја жена треба да се чувствува добро во својата кожа.

Дениз Бидот


Таа е првиот плус сајз модел кој прошета на модната писта на Модната недела 2014 година.

Робин Лавли


Имала 18 години кога се пријавила во агенција за плус сајз модели во Австралија, бидејќи сметала дека не вреди да се труди да биде слаба по секоја цена. „Претпочитам да имам неколку килограми прекумерна тежина и да уживам во храната отколку да бидам слаба по секоја цена“.

Мајла Далбесио


Таа е американски модел, уметник и писател.

Маргита Принг


Таа стана заштитно лице на Луис во 2011 година, а набрзо се појави и во италијанското издание на Vogue.


Фото: Инстаграм