Вистински богат џентламен: Биковиќ изнајмил цело кино за да гледа филм со девојката

Добивај вести на Viber

Актерот Милош Биковиќ и приреди незаборавно изненадување на својата нова девојка Ивана Малиќ, решавајќи да изнајми кино сала само за нив двајца.

Имено, Милош дошол на идеја да изнајми помала кино сала во центарот на Белград, за да го гледа новиот филм „Златно момче“ со својата девојка Ивана. Според „Старс“, двајцата уживале во 90 минути од филмот за младиот фудбалер Денис Марковиќ, а по излегувањето од салата биле насмеани, што значи дека многу им се допаднал.

Заљубениот пар моментално зимува на Мокра Гора, каде актерот има свои станови. Зимуваат во друштво на колешките на Биковиќ, Миљана Гавриловиќ, Петра Бенчина, Миодраг Радоњиќ и Тамара Драгичевиќ. Познатиот актер има сериозни намери со Ивана, родум од Бар, бидејќи заедно живеат неколку месеци.

Да потсетиме, Ивана и Милош првпат се појавија заедно на Светското првенство во бокс во Белград, а потоа и во салата Комбанк, на премиерата на филмот „Јужен ветер 2: Забрзување“, во кој тој ја толкува главната улога. Како што пишуваа тогаш медиумите, актерот наводно врската со Црногорката ја започнал во август годинава, само седум дена по раскинувањето со Русинката Арина Волошин, по што заминале на заедничко патување во Ровињ, хотел со пет ѕвезди, каде едно ноќевање чини 700 евра.


Фото: You Tube/Južni vetar

Камин, икони и еден посебен портрет: Погледнете го станот на Милош Биковиќ во Белград - уреден со стил (ФОТО)