Виталиа: EУ дозволува минимум концентрација на ГМО во храната и сè што е под 0,9 отсто се третира како Нон ГМО

Добивај вести на Viber

Европската Унија дозволува минимум концентрација на ГМО во храната и сè што е под 0,9 отсто се третира како Нон ГМО, велат од Виталиа. 

„Истото законодавство го има и Србија, поради што суровините  кои се набавени од страна на нашата компанија се со спецификација согласно ЕУ регулативата и со потврда дека производите се произведени од генетски немодифицирана соја. Со новиот правилник во Македонија донесен пред три години, со кој се забранува било какво присуство на генетски модифицирани организми, Македонија се одалечува од европското законодавство што може сериозно да му наштети на стопанството. Во корист на индустријата и потрошувачите Виталиа ќе побараа хармонизација со европското законодавство, затоа  што Правилникот е неконструктивен и ваквите отстапувања само предизвикуваат паника кај јавноста.“- додаваат од Виталиа.