Виталиа: Продуктите се произведени согласно високите европски стандарди и европските регулативи за квалитет
Продуктите на Виталиа се произведени согласно високите европски стандарди и европските регулативи за квалитет и како такви се извезуваат во 55 земји ширум светот, велат од компанијата.
„Соините презли и шницли потекнуваат од најреномираната компанија за производство на соја во регионот –„Соја Протеин“ која е најголема фабрика за обработка на соја во Србија со капацитет од 250 000 тони годишно. Таа е една од најважните процесори на Нон ГМО соја во Европа. Во исто време таа е една од ретките компании кои обработуваат исклучиво генетски немодифицирана соја со строго контролирано потекло и квалитет. Производите се увезуваат во Македонија веке 20 години“ - додаваат од компанијата.
Во тек е супер анализата која ќе утврди дали има отстапување од македонската регулатива које е во процес на хармонизација со онаа на ЕУ.