Витаминот Ц* неизмерно придонесува за нега на кожата на лицето: Garnier со нова линија за вашата дневна рутина

Добивај вести на Viber

Потемнетиот тен, прекумерното потење и сувата кожа се само некои од најчестите состојби што можеме да ги видиме на кожата во текот на летото. Високите температури и честата изложеност на кожата на УВ зраци ја сушат кожата и влијаат на нејзиното забрзано стареење, и предизвикуваат повеќе проблеми од вообичаеното. Ако не се грижите соодветно за Вашата кожа, шансите дека ќе бидете жртва на сува и груба кожа на крајот на летото се повеќе од сигурни. 

Меѓутоа постојат многу совети за нега на кожата во овој есенски период кои можат да ви помогнат да го вратите и да одржите нејзиниот природен сјај.

Кога ќе помислите на витамин Ц, веројатно мислите на добар имунитет и нешто што е неопходно за вашето здравје. Но, покрај тоа што е добар за целото тело, витаминот Ц неизмерно придонесува за нега на кожата на лицето.

Традиционално познат како херој на светот на хранливите материи, витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој помага да се заштити кожата од оксидативен стрес. Витаминот Ц делува на намалување на хиперпигментацијата, давајќи ѝ здрав изглед и сјај на кожата. 

Доколку се одлучите за витамин Ц како состојка важна за негата на лицето, ви препорачуваме да ја пробате новата линија на Garnier ( бренд кој е VEGAN и Cruelty free (без тестирање на животни)) за нега на кожа со витамин Ц*.

Еве како треба да изгледа вашата дневна доза на витамин Ц* преточена во вашата дневна рутина за нега на кожа: 

1. Чекор број еден - мицеларна вода

Едноставен начин да ја исчистите и освежите вашата кожа и да ја отстранете шминката со само еден потег, без испирање. Мицеларната вода збогатена со витамин Ц* ја враќа енергијата на кожата без сјај и нерамна текстура. Содржи мицели кои привлекуваат ефикасно нечистотии како магнет. 

*Како правилно да се употреби?

- Нанесете на памук на лицето, очите и усните, не е потребно да исплакнете. Хипоалергично, погодно за сите видови кожа.

2. Чекор број два - гел за чистење на лицето збогатен со витамин Ц и екстракт од лимон

Ја прочистува кожата и ја прави сјајна. 

*Како правилно да се употреби?

- Нанесувајте два пати на ден на влажна кожа и нежно масирајте, па исплакнете. Во случај на контакт со очи, веднаш исплакнете темелно.

3. Чекор број три- маска за лице со витамин Ц*

Обезбедува интензивна хидратација на кожата за само 15 минути. По само една недела кожата е помека и изгледа ревитализира и свежа.

4. Чекор број четири- серум

Формулата обезбедува сјај, го изедначува тенот и ги осветлува темните дамки за само 6 дена! Докажана ефикасност - по само 3 денови на употреба, кожата изгледа изедначена и мазна. Клинички е докажано дека ќе имате 43% помалку темни флеки, за 8 недели.

Комбинацијата од дерматолошки активни состојки [ВИТАМИН C* + НИАЦИНАМИД + САЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА] познати по тоа што ги осветлуваат темните дамки и ја прават кожата мазна, а ЕКСТРАКТОТ ОД ЛИМОН е избран поради неговите својства за подобрување на сјајот и служи како антиоксиданс.

*Како правилно да се употреби?

- Нанесете една целосна капалка серум на чисто лице и нежно втријте го во кожата. Користете го наутро и навечер, пред нанесување дневна или ноќна крема.

*Избегнувајте го пределот околу очите.

5. Чекор број пет- хидратантен гел

Хидратантен гел за секојдневна нега на кожата, со 98% состојки од природно потекло. Помага да се засили сјајот на кожата. 

*Како правилно да се употреби?

- Лесниот и освежувачки гел нанесувајте го секојдневно на лцието после чистењето.

По една употреба: Кожата интензивно хидрирана 48 часа и тенот изгледа посвежо

По 4 недели: Кожата изгледа посветла и помалку уморна 

*Витамин Ц = дериват на витамин Ц

Кога ќе додадеме витамин Ц во рутината за нега на кожа преку добро формулирани производи, на нашето лице му пружаме низа бенефити како што е намалување на темните дамки и изедначување на тенот, заштита од појава на флеки на лицето, а и значитечно ја подобруваме хидратацијата на кожата. 

Оваа есен е одлично време да внесете свежина во вашата дневна рутина за нега на лице, време е да внесете витамин Ц и да блеснете.