Витамини, минерали, пробиотици и електролити – идеална комбинација при дехидрација и дијареа
Витамините и минералите се многу важни додатоци во исхраната, тоа се супстанции неопходни за балансирано секојдневие, за растот и за здравјето на нашето тело. Витамините даваат сила и го регулираат метаболизмот. Помагаат во борбата против заморот и се грижат за нашето здравје и виталност.
Минералите се потребни за зачувување на деликатната јонска рамнотежа на клеточните течности, за изградбата на коскеното ткиво и крвните клетки, за електрохемиската активност во нервните клетки и регулирање на тонусот на мускулите
Летото е период кога поради високите температури често се појавува дехидрација и дијареја кај децата но и кај возрасните. Дијарејата може да предизвика значителна загуба на вода и електролити. Превенцијата е најдобар начин да се заштитите од дехидратацијата и дијареја. Како прва помош препорачлива е идеална комбинација на електорлити и пробиотици. Пробиотиците се веќе стандардна терапија и прв избор при дијареa, но кога постои и повраќање нивната комбинација со орални рехидратациски соли (ОРС) дава далеку подобар ефект.
“Витамините, миниералите, електролитите и пробиотиците треба да се првите работи ставени во прирачната аптека кога се патува на летен одмор. Тоа го говорам и од лично искуство, но и од работната практика на нашата компанија. Во летниот период она што најмногу се бара, се токму овие препарати, а особено ако одите со деца: Пико Мултивитамините, сеедно дали во капки или во суруп, потоа Хидратон Нео електролиот, кој што е богат со минерални соли, како и Пико Лактис Плус – пробиотик, збогатен со витамини од Б комплексот, ослободен од лактоза. Оваа е таа неопходна комбинација што ја препорачуваме за летните месеци.”, вели Марија Бојковска, дипломиран фармацевт во Симбио медик, Скопје, компанијата која што е ексклузивен увозник и дистрибутер на Пико програмата од реномираниот италијански производител ОФИ од Бергамо. ОФИ е еден од најголемите италијански производители на додатоци во исхраната, козметиката и медицинската опрема.
Најавите се дека ќе оваа година ќе имаме продолжено лето. Патувањата некаде покрај вода или на планина ќе бидат добра опција за разладување. Затоа, за секој случај, подгответе ја добро вашата прирачна аптека со неопходните препарати за побезгрижен престој.