Витаминка и Преспав донираат 100 таблети за семејствата во неповолна социјална положба

Добивај вести на Viber

Витаминка и Преспав донираат 100 таблети за семејствата кои немаат можност да купат смарт уреди за следење онлајн настава на своите деца. Донацијата, што како иницијатива произлегува од Витаминка, а се приклучи и ОХО продукција, се одвива преку Министерството за образование и наука од каде го составија списокот на корисниците на донацијата и ќе се достават уредите до семејствата според приоритетот и потребите.


Здравствената криза создаде нови услови во кои недостатокот од финансии, опрема и средства е се почест и во поголеми размери, а граѓаните посебно социјално загрозените семејства се соочуваат со најмногу проблеми, затоа е потребно бизнис секторот да помогне во секој аспект, велат од Витаминка за инцијативата.


„Во услови на пандемија во изминатата година граѓаните се соочуваат со големи предизвици, од економски, социјален и од образовен аспект. Покрај помошта на здравствениот сектор и на семејствата во социјален ризик, како компанија што високо го цени образовниот процес веруваме дека е многу важно обезбедување непречен и рамноправен пристап до образованието дури и во овие услови. Се надеваме дека со оваа донацијата ќе придонесеме кон тоа и ќе поттикнеме помасовна и поголема ангажираност на бизнис секторот во помошта кон граѓаните”, велат од одделот за маркетинг во Витаминка.

Со реализација на донацијата ОХО Продукција, „Преспав“ и Витаминка ги повикуваат сите деловни соработници да се приклучат на иницијативата за општествена одговорност и со здружени сили да дадат поддршка на образовниот процес со цел да го олеснат безбедното следење на наставата во време на пандемија за учениците кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.


ПР објава