Вкусно и корисно: Како да си го подготвите омиленото смути на Меган Маркл

Добивај вести на Viber

Војвотката од Сасекс е позната по својот здрав начин на живот, кој вклучува јога и здрави пијалоци. Меѓу нив има и смути кои го зголемуваат имунитетот, а Меган Маркл го сподели својот омилен рецепт во 2015 година, во интервју за веб-страницата The Chalkboard заедно со други навики во исхраната.

Таа признава дека сака денот да го започнува со појадок од „чист шејк од ванила за прочистување со боровинки или чинија гоџибери со свежо овошје, мед и полен од пчели (ова е мојот апсолутен фаворит).“
Меган исто така открива дека како алтернатива за брзата храна преферира зелен сок: 

Додека Меган се стреми кон урамнотежена и хранлива диета, таа исто така се потпира на додатоци, вклучувајќи магнезиум, Б-12, мултивитамини и кортизол пред спиење.

И, кој е најлесниот начин на Меган да го подобри своето здравје? „Опкружете се со луѓе кои водат здрав начин на живот... движете се“, вели таа.

А еве го рецептот за нејзиното омилено смути:

Состојки

1 пакетче шејк во прав по ваш избор (војвотката користи ванила)

½ чаша замрзнати боровинки

1 лажиче цимет

Неколку семиња чиа

½ чаша бадемово млеко

½ Чаша кокосова вода

Начин на подготовка

Сè се сече и се става во блендер.