Вкусот на црвеното

Добивај вести на Viber

Застанавме на 92 килограми. Иако попатно во цела моја транзиција, што карактерна, што естетска, имало подоста варијации на темата. Во секоја килограмска промена успевав да го извадам најдоброто од сопственото тело. Освен во предлудилото на секоја од моите ревии. Леле колку не се гледав себе си луѓе, од денешен аспект кога ќе начекам некоја прес необработена фотографија и те како се освестувам и се прашувам каде По Ѓаволите ми бил паметот во тој момент!

На ревијата која се одржуваше во ХО клубот, октомври 2015, една од поголемите ревии што ги доживеа градов, јас се појавив во најлошото можно мое издание!

Бев убедена, додуша до ден денешен сум убедена дека нозете ми се најсекси дел од моето тело и секогаш успевав да поминам со опција на краток фустан. Навистина не знам каде ми беа очите во ситуацијава! И што е најстрашно никој ништо не ми кажа, се видов следниот ден по весници и на интервјуа! Леле коленицитеееее (не се колена, коленици се)….  ете сега ми е така тешкичко кога ја гледам сликава!

А да пукнам, не ми беше срам, ниту пак се гледав со зли очи себе си, веројатна таа слепа самодоверба не им дозволила на најблиските да допрат со критика до мене.

Haters gonna Hate, нема да им се обратам на тие што општо ради времето не ме варат, тие ќе имаат негативен став и наопачки да се превртам и идентитет да сменам, како што е тренди периодов.

Мала дигресија, апропо моите нозе. Имав 20 години и бев во Пула, кај моја цимерка од студиите во Белград. Бевме доста блиски, јас бев таму со мојата мајка. Трет ден, се подготвуваме за излегување, јас со мокра коса и во едно нешто што требаше да претставува летен фустан и откриваше многу повеќе отколку што покриваше, седам надвор и филозофирам со една супер екипа на милион теми. Доаѓаат, на време се разбира, момците кои треба да не изведат вечерта од кои едниот нормално ми го местат мене. Прво си ја наместив вилицата што ми падна кога го видов, а потоа се залетав ама онака за озбилно да побрзам да се подготвам за да не ме чека дечкото нели, и во тој полет со главата надолу немам појма како до ден денешен, јас ја заборавив стаклената врата во ходникот и со десното колено ВЛЕГОВ кроз неа! Се сеќавам само на звукот, како се занишав и се задржав на останатото стакло за да не паднам и да не се преполовам и само како истрчав во спалната соба. Прво влезе мајката на мојата цимерка и знам дека само побарав кантарион масло, го истурив над нешто што беше мое отворено колено и мртва ладна одбивав да одам на шиење, од само една причина - Кујзнае како ќе ме сошијат, нозете ќе ми ги упропастат! Знам дека на мајка ми бојата на лицето беше темно зелена накај модра, и по иницијатива на цимерката, потклекнав и отидов. Ми се потрефи еден презгоден млад доктор, пластичен хирург на смена! Одбив целосна анестезија, побарав локална и инсистирав да гледам како ме шие за да не ме зезне ама човеков ме убеди дека мора да легнам и пред да се навалам му се обратив со : да се разбереме, знам да шијам пази што правиш, нозеве си ги сакам најмногу на свет,  ако не чини за две години ти се враќам! Нормално раната е беспрекорна, како што и ми вети докторот ништо не се познава, искуството едно во милион, а мене ми е само криво што не му земав број тогаш.

Е сега тие мои копанчиња, завршија во неугледна ситуација заради мојот животен стил. Џабе саглам лузна, кога сама им наштетив и ги доведов во ситуација да не го видам тоа, какви станаа, заедно со останатиот дел од моето тело.

Првата слика е од 2015 година, оваа е од предходната недела. Нема фотошоп, само филтер, бела сум ко снег во нозеве ептен не ми прија солариум па се почастив филтер. (несвесно пак се фаќам за нозете) Од 2015, до крајот на 2016 година јас успеав да постигнам покачување на килажа, од 87 на 92кг, а да се разбереме не сум мала жена, висока сум 178 цм, кога се вратив од Белград сфатив дека само јас од жениве гледам надолу кога зборувам со соговорник. И сега на таа висина и таа килажа, функционирав без фрустрации и комплекси. И веројатно се ќе беше страшно едноставно и јас ќе продолжев да фигурирам како крупна, и понатаму ќе ги игнорирав коментарите од типот Станко му кажал на Цацко ту бре штета што не слабее оваа Кнез, што јака п…. ќе беше да ослабеше, ама има ама..Татко ми почина Декември 2015. Не ја прифатив таа загуба, и најмногу ми делуваше на односот кон себе. Се доведов до степен на несоодветна количина на алкохол кој што нормално влече храна, а се вадев на хедонизам. Ахам, важи. Тука доаѓам до еден нов број што ми го промени животниот стил, 240 висок крвен притисок. Од таа бројка понатаму, ништо не беше поинаку.

Јас сум Ивана Кнез, а ова е моето искуство, денес обоено во црвена боја.

Се читаме следната недела.