„ВЛАДО ОСВЕСТИ СЕ“, АЛАРМАНТЕН ПОВИК НА ССМ - минималната плата е доволна само за леб и вода, бидејќи за исхрана и пијалоци требаат 17.843 денари

Синдикатот ја потврди информацијата на Фактор за вредноста на потрошувачката кошница, која во јули е над 47 илјади денари. 

Во нивното соопштение доп медиумите се наведува дека со минималната и со просечната плата на може да се покрие минималната синдикална кошница. 

„Вредноста на Синдикалната минимална кошница со вклучена инфлација (трошоци за живот) за месец јули изнесува 47.042 денари, и неа не можат да ја покријат ниту семејствата каде што има двајца вработени, кои имаат примања во висина на просечна плата и една минимална плата.

Истовремено имајќи предвид дека инфлацијата од 16 отсто ја обезвреднува вредноста на платите и од тука износот од 18.000 денари колку што изнесува минималната плата во Македонија има реална вредност од 15.120 денари, а износот на просечната нето плата од 31.525 денари има реална вредност од 26.481 денари со што значително е осиромашен македонскиот работник и граѓанин“, се вели во соопштението од Синдикатот. Повеќе по темата прочитајте на Фактор.мк