Влегуваме во финалето на ужасот, кој не се вакцинирал или прележал, нека избегнува луѓе во затворен простор-порачува проф.Трајковски

Добивај вести на Viber

Професорот по квантна механика Дејан Трајковски, предвидува дека во поглед на состојбата на коронавирусот, влегуваме во врвот, односно, како што вели, финалето на ужасот. Затоа советува дека тие што не се вакцинирани или прележани, е најдобро да избегнуваат луѓе во затворен простор. 

Еве што пишува тој во неговиот статус на фејсбук, со напомена дека бројките се однесуваат на вчерашниот ден.

Репродукцискиот број Rt и преносливоста продолжуваат да се намалуваат (на дијаграмот на првата слика), а денешниот број на случаи (1.155) совршено се поклопува со моделското предвидување. Пред нас се двата дена во неделата со вобичаено најголем број на случаи во неделата, па да видиме како ќе поминат. Ако во сабота видиме помалку од 1.300, би било релативен успех.

Од друга страна, стапката на позитивни тестови достигна рекордни вредности во овој бран. Денешната вредност изнесува 18,46 отсто, а седумдневната подвижна средина изнесува 12,34 отсто (сината и црвената линија на вториот дијаграм). 

Деталите читајте ги на Фактор тука.