Влијание на кивите врз лицето и телото

Добивај вести на Viber

Поради изобилството на витамините А, Ц и Б, калиум, железо и други корисни состојки, кивите се сметаат за најздраво овошје.

Калиумот во ова овошје го регулира крвниот притисок, додека фолната киселина ги синтетизира протеините. Лутенот во кивите го чува видот. Кивите го намалуваат холестеролот, ја зголемува способноста на организмот и помага во елиминирање на токсините. За идните мајки, кивите се одличен избор, бидејќи витаминот Б помага во правилен развој на бебето.

Природна овошна инфузија се постигнува со едноставна маска. Маската подразбира паста направена од киви и јогурт. Нанесете ја на лицето, оставете го накратко да дејствува, а потоа добро исплакнете. Лицето потоа се суши со крпа и ставете  соодветна крема.

Но, за да ги постигнете посакуваните ефекти, киви треба да јадете секој ден.

Ова овошје може да го користите и за козметички потреби. Помага против брчките. Истражувањата покажале дека изобилството на витамините Ц и Е го стимулираат колагенот и ја навлажнува кожата.

Затоа се препорачува за оние кои имаат проблеми со кожата и брчките, редовно да го конзумираат ова овошје.