Влијанието на пробиотиците врз цревната флора
Цревната флора на многу начини е поврзана со разните процеси во организмот, но од неа најмногу зависи имунолошкиот систем, одбраната на организмот против алергени и патогени и многу други функции. Тоа што го викаме цревна флора се всушност стотици различни видови микроорганизми - бактерии, габи и вируси. Некои цревни бактерии се добри и корисни, додека други се штетни за здравјето, поради што се појавуваат проблеми, пред се со цревата, но и со здравјето во целина. Овој баланс на цревната флора, каде лошите бактерии не можат да ги надминат оние што се корисни, се нарушува со нездрави навики, лоша исхрана и игнорирање на симптомите што можат да бидат штетни за општата здравствена состојба. Пробиотиците се главното средство за постигнување рамнотежа на цревата флора, односно тие се засилување на добрите бактерии присутни во цревната флора.
Затоа е важно да се контролира концентрацијата на добрите бактерии со внесување пробиотски бактерии во организмот, кои се присутни во голем број намирници од секојдневната исхрана.
Корисните ефекти на пробиотиците се одразуваат пред се во воспоставување рамнотежа на цревната флора, но исто така и за намалување на воспалителни процеси, намалување на холестеролот, намалување на крвниот притисок, спречување на ризикот од лошите бактерии предизвикан од стрес или други хронични состојби. Со ова најдобро се претставува повеќе-функционалноста на пробиотиците, како и поврзаноста на цревната флора со разни процеси во организмот. Посебно се корисни бактериите од млечната киселина, заради нивната способност да го претворат шеќерот (како и лактозата) и другите јаглени хидрати во млечна киселина.
Воспоставувањето рамнотежа во цревната флора се постигнува со здрава исхрана што вклучува свежа, органска храна богата со растителни влакна, ореви и многу овошје и зеленчук. Овие намирници природно ја снабдуваат цревната флора со пробиотици, односно добри бактерии кои брзо ја враќаат рамнотежата. Пробиотиците, а особено бактериите од млечна киселина, од намирниците за секојдневна исхрана најмногу се застапени во јогуртот, киселата зелка, маслинките, така што овие намирници се вреден извор на добри бактерии.
Сепак, јогуртот се издвојува како производ за секојдневна исхрана, а јогурт за којшто е докажано дека влијае врз цревната флора и придонесува за многу други функции во организмот и со позитивен ефект врз рамнотежата на цревната флора, доколку се консумира во препорачаните количини е пробиотскиот јогурт Баланс+. Според клиничката студија што ги опфаќа карактеристиките на овој јогурт, идеално внесување е 500 грама на ден, со што се постигнуваат саканите ефекти. Токму тие ефекти и функции на пробиотските бактерии во јогуртот се причина самите лекари да препорачуваат пробиотски јогурт за дигестивни проблеми, забавен метаболизам и за постигнување рамнотежа на цревната флора.
Состојбата на цревата, урамнотежената цревна флора, значи здравје за целиот организам и дополнително придонесува за имунитетен одговор на многу други процеси во организмот.
Балансирано до рамномерна исхрана. Како да се храниме здраво?