Внимавајте кога ќе купувате боја за јајца пред Велигден

Добивај вести на Viber

Во продавниците и на пазар секоја година пред Велигден голема е понудата за боја на јајца.

Луѓето најчесто ги купуваат оние кои се најевтини, не гледајќи што пишува. А цената може да биде показетел дека фарбата не е добра, бидејќи трговците за да заработат пари купуваат техничка боја, па ја препакуваат во ќеси и ја продаваат како фарба за јајца.

За да купувачот биде сигурен дека купил правилна боја, на декларацијата треба да ги пишува ознаките Е од 100 до 180, што значи дека произведувачот гарантира дека бојата не е штетна.

Затоа  е најдобро боја за јајца да купувате во продавница, а најдобра боја се природните бои добиени од разновиден зеленчук.