Внимавајте: Спанаќот е многу здрав за консумирање, но не смеете да го подготвувате на овој начин

Добивај вести на Viber

Спанаќот е без сомнение една од најздравите намирници. Но, треба да се земе предвид дека кога се консумира, најдобро е да подготвуваме онолку колку што ќе јадеме, бидејќи спанаќот, воопшто не се препорачува за подгревање.

Спанаќот е зеленчук кој содржи релативно високо ниво на нитрати, кои се апсорбираат од почвата преку корените.

Кога спанаќот се остава да отстои, особено ако бил термички обработен, количината на нитрати се зголемува, и тие се претвораат во нитрити во сварениот спанаќ за време на процесот на вриење. Тие се опасни затоа што се комбинираат со амини во организмот и формираат високо канцерогени соединенија кои ги нарекуваме нитрозоамини, објасни нутриционистот Дагмар фон Крам.

Ако спанаќот го загревате само кратко непосредно пред да го консумирате, не мора да се грижите, рече фон Крам.

Остатоците од сварениот спанаќ не смеат да се чуваат на собна температура.

Тие треба веднаш да се стават во фрижидер. Само накратко загрејте го непосредно пред да консумирате. Всушност, најдобро е да се подготвува само онолку спанаќ што може да се јаде во еден оброк.

Спанаќот може да се јаде суров, како салата. Богат е со витамини А, Ц и бета-каротен и фолна киселина. Овој зеленчук долго време се сметаше за најдобар извор на железо, што е неточно бидејќи не се наоѓа во спанаќот во големи количини. Затоа, не можеме да очекуваме поголеми придобивки од консумирањето спанаќ во третманот на анемија.

извор:glossy.espreso.rs